Четириесетина претставки за загрозена животна средина годинава до Омбудсманот, половината се за загадениот воздух

November 20, 2024
1 min read

Заклучно со октомври, четириесетина претставки од областа на животната средина оваа година стигнале во канцеларијата на Народниот правобранител. Половината од нив се за квалитетот на воздухот, а другите 20-ина се за други аспекти за загрозена животна средина.

Ова го соопшти народниот правобранител Насер Зибери кој денеска и утре е домаќин на Меѓународна конференција „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина“ која се организира во рамките на проектот „Зголемување на улогата на Народниот правобранител во еколошката правда“. Проектот е финансиран од Министерство за надворешни работи на Норвешка и се спроведува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН во Скопје. 

На отворањето на конференцијата Зибери ги наведе трајните штетни последици од загадувањето на животната средина врз животот и здравјето на населението, поврзаноста на загадениот воздух со смртноста и предизвиците со кои човештвото се соочува во последните децении кога „природата жестоко го враќа ударот“ – зачестените природни непогоди: поплави, торнада и урагани, ефектите на т.н. стаклена градина, екстремните температури… Притоа посочи дека токму најголемите загадувачи на светот не ги потпишале глобалните документи за заштита на екологијата. 

Омбудсманот порача дека мора да се најде баланс меѓу развојот и еколошката правда која, рече, е императив во овој век, затоа што „ако не се преземат соодветни мерки за климатските промени, тие ќе значат колективно умирање“.

Зибери изрази загриженост за состојбата со животната средина во земјава која „не оди во прилог на уставната заложба за гарантирање на правото на здрава животна средина утврдена во членот 43 од Уставот“.

-Нехуманата градежна експанзија, интензивното користење на минералните суровини, дивите депонии, горењето на насобраниот отпад од истите, неизградбата на регионалните депонии и соодветно собирање, транспортирање и третирање на отпадот, како и преголемото испуштање на штетните гасови во воздухот, веќе ни ја испорачаа сметката – жителите на главниот град Скопје дишат воздух во кој загаденоста е поголема неколку пати од дозволеното. Во слични околности живеат и жителите на Тетово, Струмица, Кочани и други градови. Нашите градови се на топ-листата на десет најзагадени градови во светот… Истражување на УНИЦЕФ покажа катастрофални резултати – дека секое десетто новородено дете во нашата земја како последица на смртта ја има нечистата животна средина, рече народниот правобранител.

Начелниот став на Врховниот суд, потенцира Зибери, нѐ охрабрува дека работите ќе тргнат на подобро, затоа што тој начелен став ја обврзува државата да обезбеди здрава животна средина како една од гаранциите на нашиот Устав кон секој поединец.  

Соопшти дека над половина од општините во земјава немаат ниту еден инспектор за животна средина и заклучи: „Тогаш за каква грижа може да зборуваме?!“. Апелираше и да се донесе нов закон за заштита на животната средина зашто актуелниот е од 2006 година, имал 24 пати измени оттогаш и, рече, „повеќе не е соодветна рамка за справување со овој проблем“.

 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган ја критикуваше одлуката на САД да ѝ дозволи на Украина да користи тактички ракетен систем во Русија

Следно

Рама: Албанија размислува за целосна забрана на ТикТок или Снепчет

Latest from Blog

Индија и Пакистан договорија прекин на огнот

Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Молчешкум, со насолзени очи, но со високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ и денес побараа правда за трагичниот случај што

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот
Go toTop