Д-р Срцева за КУРИР: Договорот со Владата во значителна мера ќе значи мотивирање на кадарот и дополнителен стимул

November 20, 2024
1 min read

Одлична е мерката за вреднување на трудот и стимулација на здравствените работници, на краток и на долг рок, промовирана вчера од Владата и синдикатите за здравство. Човечкиот потенцијал е столб на секој здравствен систем.

Ова во изјава за КУРИР го истакнува универзитетската професорка и директорка на ТОАРИЛУЦ, Марија Јовановски-Срцева, прашана за коментар по вчера постигнатиот историски договор меѓу Владада и здравствените синдикати.

-Како професорка на Медицински факултет, лично сметам дека валоризирањето на трудот на здравствените работници е посебно важно затоа што тие се херои кои секојдневно се соочуваат со низа предизвици, а во многу случаи секунди се важни за човечките животи. Во состојба како сега, кога имаме недостиг на медицински кадар на секое ниво, па и на Клиниката ТОАРИЛУЦ со која раководам, оваа мерка на кратко и на долг рок во значителна мера ќе значи мотивирање на кадарот и дополнителен стимул, вели докторката.

За КУРИР ексклузивно, таа објави и новини за јубилејна награда и планирана реконструкција.

-За таа цел, токму вреднувајќи ја работата на персоналот можам да информирам дека пред неколку дена потпишав решенија за обезбедување јубилејни награди за вработените кои ги исполнуваат условите, нешто што досега не било случај на нашата клиника. Наредниот период ќе почнеме со активности за подобрување на услугите за пациентите, но и за здравствените работници, токму во инфраструктурниот дел каде што досега од основањето на Клинички центар речиси и да немало воопшто било каква интервенција. Наш императив е вреднување на трудот и високо мотивирани здравствени работници за да ги задржиме на Клиниката, но и во државата. Ја користам оваа прилика да изразам благодарност до сите вработени за максималната заложба, посветеноста и натчовечките напори во секојдневието со кое се соочуваме при извршување на оваа хумана професија, посочи д-р Срцева за КУРИР.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд

Следно

Турскиот претседател се врати во Туркије по учеството на Самитот на Г-20 во Бразил

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop