Полициски службеник осомничен во акцијата „Ланец“: Дрога од Гостивар до Скопје

November 18, 2024
1 min read

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворска полиција, беше спроведена акција под кодно име „Ланец“. Во акцијата се лишени од слобода две лица осомничени дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од чл.215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ.

Лицата, од кои еднотo e полициски службеник, од месец декември минатата година до денес на територијата на Гостивар, Тетово и Скопје заедно со уште едно, до сега неидентификувано лице, се здружиле и организирале неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога кокаин. Дрогата во повеќе наврати ја купувале од НН лица и ја држеле на безбедни локации во Гостивар и Скопје. Откако полицискиот службеник ќе стапeл во контакт со заинтересирани лица кои сакале да набават наркотична дрога кокаин, ја договарал количината и цената. Потоа сам или заедно со некој од останатите членови на групата спакуваниот кокаин во поединечни пакувања со нето маса од по 0,50 грама до 1 грам по пакувања неовластено го пренесувале и продавале. Цената по пакување, зависно од грамажата се движела од 2.500 до 6.000 денари, а паричните средства од купопродажбата осомничените меѓусебно си ги делеле.

Предметниот јавен обвинител ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, основан страв дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело, ќе ја попречуваат кривичната постапка co влијание врз сведоците, соучесниците или прикривачите, како и поради постоење на особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против двајцата осомничени.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ДОЛЖНИ СМЕ МУ НА КРСТЕ МИСИРКОВ УШТЕ ДА ГО ИСТРАЖУВАМЕ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, РЕКОА ЛИНГВИСТИ И ИСТОРИЧАРИ НА 150-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО

Следно

Медиуми: Германија праќа 4.000 дронови во Украина

Latest from Blog

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на
Go toTop