Во Собранието продолжува дебата за владината реконструкција

February 16, 2023
1 min read

Собранието вечерва по 19 часот продолжи со работа во рамки на 104. седница за реконструкцијата на Владата, за која се дебатира веќе четири дена. По расправа од час и половина во рамки на попладневното продолжение на седницата, потпретседателот на законодавниот дом Горан Мисевски објави пауза и најави работа и по 19 часот.

На стартот на вечерашното продолжение на седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во процедурална реакција го обвини Мисевски за самоволие и злоупотреба на Собранискиот деловник.

Според Мицевски, Мисовски во отуство на претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е на службено патување во Словенија, немал право усно да објави продолжување на работата на Собранието.

Мицевски праша по кој член од Деловникот Мисевски ја продолжил работата на законодавниот дом и посочи дека така можел да постапи само со писмен документ од Џафери.

-Да имавте писмен документ од Џафери со факсимил и тоа е прифатливо. Не сте вие тие што можете после 18 часот да продолжите седница усно. Го кршите Деловникот по милијардити пат, рече Мицевски.

Неговата сопартијка Ели Панова побара Мисовски да ја прекине седницата, а одлуката на потпретседателот на Собранието ја критикуваше и Драган Ковачки.

Мисовски оцени дека тврдењата на Мицевски се неиздржани. Образложи дека постапил според член 71 став 2 од Деловникот според кој „во случај на спреченост или отсуство на претседателот, него го менува потпретседателот“.

-Претседателот ја прекинува седницата на барање на координатор, кога бараш пауза го бараш претседателот или мене?, рече Мисовски, посочувајќи му на Мицевски дека, како што рече, кога прд некој ден побарал порано да биде прекината седница поради обврска на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не го побарал претседателот на Собранието.

Пратениците се уште расправаат по првата точка на дневниот ред – предлогот за разрешување на членови на Влада, на досегашните министри за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. Тие се кадри на Алтернатива која ја напушти владината коалиција и ќе бидат заманети со министри од Алијанса за Албанците, новиот коалициски партнер во Владата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ОН бараат 1 милијарда долари за помош на милиони луѓе во Турција

Следно

Столтенберг за почетокот на руската инвазија на Украина: Тоа не беше изненадување, знаевме дека војната ќе започне

Latest from Blog

Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Судијката Даниела Димовска е избрана за вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд Скопје, откако претходниот претседател Иван Џолев беше избран за судија во Апелациониот суд. Одлуката е донесена на денешната

Се предлагаат законски измени за статусот на верските училишта кои се антиуставни и спротивни на секуларноста

До редакцијата на Рацин.мк стигнаа коментари од релевантни образовни институции кои реагираат на иницијативата за измени и дополнувања на Законот за средно образование. Според она што е најавено, со оваа иницијатива се

И 41-от обид за конституирање на собранието на Косово заврши неуспешно

Конститутивната седница на собранието на Косово денеска беше прекината по 41-ви пат, откако повторно не беше усвоен предлогот на Самоопределување гласањето за избор на претседател на собранието да биде тајно. Демократскиот сојуз

Швајцарска нуклеарна централа целосно исклучена поради жешко време

Повеќе од 50 години старата швајцарска нуклеарна централа Безнау, лоцирана близу германската граница, го исклучи својот втор реактор поради високите температури. Исклучувањето нема никаква врска со безбедноста на реакторите, туку е поврзано

Една година Министерство за дигитална транформација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски  одржа брифинг со новинарите по повод една година од формирањето на министерството. Андоновски ги презентираше постигнувањата на министерството во изминатата година, а се презентираа и плановите
Go toTop