Жестоки судири меѓу навивачи на Наполи и Рома, две лица хоспитализирани

January 9, 2023
1 min read

Две лица се хоспитализирани при жестока пресметка меѓу поголема група навивачи на италијанските фудбалски прволигаши Рома и Наполи во неделата на автопатот А1, јавија локалните медиуми.

Според истите извори, хоспитализираните се навивачи на Рома, од кои едниот бил ранет со нож.

Пресметката се случила на истата бензинска станица на виталниот автопат А1 каде полицијата во 2017 година случајно го застрела навивачот на Лацио и диџеј Габриеле Сандри обидувајќи се да спречи пресметка меѓу навивачи на Лацио и Јувентус.

Полицијата соопшти дека во вчерашните судири учествувале околу 300 навивачи на Наполи и Рома.

Навивачите на Наполи од заседа ги пресретнале навивачите на Рома, а во општиот хаос кој настанал двете навивачки групи фрлале камења и чадни бомби едни кон други.

Полициската интервенција предизвика голем застој на автопатот кој го поврзува северот на Италија со Неапол и колони возила во должина од 15 километри. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Следно

Приведен скопјанец за издржување казна затвор од четири години

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop