Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

August 6, 2026
1 min read

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните барања на Мароко за нивна анексија, објави денес бриселскиот весник „Политико“.

Масовното преминување на мигранти преку границата предизвика стравувања од можен „хибриден притисок“ врз Шпанија, особено во време кога Мадрид повторно проценува на колку поддршка може да смета од традиционалните сојузници во НАТО и Европската Унија.

Со децении, Мароко ги бара Сеута и Мелиља, кои ги смета за територии под шпанска окупација, истакнува „Политико“.

Неодамна, со поддршка на некои меѓународни партнери, владата во Рабат повторно ги засили своите ставови за идниот статус на овие градови.

Шпанската министерка за одбрана, Маргарита Роблес, ја отфрли секоја можност за преговори за суверенитетот, велејќи дека „Сеута и Мелиља не смеат да бидат доведени во прашање“ и дека територијалниот интегритет и суверенитет на Шпанија се неповредливи.

Страв од новиот „Зелен марш“

Во Мадрид имаше предупредувања за можноста за повторување на сценарио слично на мароканскиот „Зелен марш“ од 1975 година, кога масовната мобилизација на населението придонесе за повлекување на Шпанија од Западна Сахара.

Поранешниот шпански министер за надворешни работи, Хозе Мануел Гарсија-Маргаљо, оцени дека Мадрид мора јасно да покаже дека контролата врз Сеута и Мелиља не е предмет на преговори.

Сеута и Мелиља претставуваат остатоци од поранешното Шпанско Царство и се под контрола на Мадрид од 1668 и 1497 година,.

Денес тие имаат статус на автономни градови на Шпанија и се дел од Европската Унија.

По стекнувањето независност во 1956 година, Мароко постојано бараше суверенитет над овие територии, а во последниве години, одредени американски и израелски претставници ги поддржуваа таквите ставови.

Американскиот конгресмен Марио Дијаз-Баларт претходно изјави дека Сеута и Мелиља се на мароканска територија, додека израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Дани Данон, ја критикуваше Шпанија за она што го нарече „колонијални енклави во Африка“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќура: Струга е во екот на летната туристичка сезона

Следно

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop