ПОЧНУВА 73. БЕРЛИНАЛЕ, 19 ФИЛМОВИ ВО ТРКА ЗА ЗЛАТНА МЕЧКА

February 16, 2023
1 min read

После двегодишна пауза поради ковид ограничувањата, 73. издание на Берлиналето почнува вечерва во неговата стандардна форма.

Од денес до 26 февруари ќе се прикажат речиси 400 филмови, и се очекува голема поддршка на луѓето во Украина и Иран, во кои има војна и нереди. Светска премиера ќе има документарниот филм „Супермоќ“ на Шон Пен и Арон Кауфман за украинскиот претседател Володимир Зеленски, руската инвазија на земјата и тековната војна, што ќе игра вон конкуренција.

Се очекува на вечерашното отворање на еден од најпрестижните светски фестивали преку видео да се обрати Зеленски.

Претседателка на жирито е американската актерка, режисерка и сценаристка Кристен Стјуарт, а фестивалот отвора со комедијата „Таа дојде кај мене“ на режисерката Ребека Милер, во која играат Питер Динклиџ, Мариса Томеи и Ен Хатавеј.

За Златна и Сребрена мечка ќе се натпреваруваат 19 филмови, од кои шест се на режисерки. Златна мечка за животно дело ќе добие американскиот режисер Стивен Спилберг.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трајкоска до Ковачевски: Вие воопшто не мислите за народот, мислите само за себе и за вашиот профит

Следно

Бројот на барања за згрижувачки семејства, по земјотресот од три се зголеми на 29.000 дневно

Latest from Blog

Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, овој пат во Кавадарци

Социјалдемократите реагираат на денешните изјави на премиерот Христијан Мицкоски во Кавадарци, и тврдат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со познатата практика на сликање покрај проекти од претходната Влада на СДСМ. „Последен

Конечно треба да почне да важи за сите законот за истакнување на знамињата

На гестот на вицепремиерот за добро владеење Фетаи, реагираше претседателката на „Глас за Македонија“ Солза Грчева. Осудувајќи го настанот се заложи конечно да завладее законот за истакнување на знамињата и за санкционирање

Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс

Грег Попович се повлекува од функцијата главен тренер на Сан Антонио Спарс и ќе ја преземе функцијата претседател на кошаркарските операции во клубот, објави Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА).

Најмалку три лица се повредени кога автомобил влета во толпа луѓе во Штутгарт, Германија

КЕЛН (АА) – Најмалку три лица се повредени кога автомобил влета во толпа луѓе во германскиот град Штутгарт, соопштија властите, известува Анадолу. Германската полиција соопшти дека има повредени кога возило влета во

„Или турнир на плоштад, или во затвор“ – преписка меѓу Шкендија бокс и Општина Тетово

Барањето на клубот „Шкендија бокс“ за одржување на натпреварот на шампионите на плоштадот „Илирија“ во Тетово е одбиено. Организаторот Халим Абази вели дека настанот има многу гледачи и не може да се
Go toTop