Трабзон сака да се ослободи од Барди: Македонскиот репрезентативец исфрлен од првиот тим

November 11, 2024
1 min read

Трабзонспор објави дека Енис Барди (29) е исфрлен од првиот тим. Тренерот Шенол Гинеш не смета на него, но Барди не е единствениот кој е исфрлен. Стефано Денсвил, Мислав Оршиќ и Умут Бозок исто така повеќе не се дел од првиот тим на турскиот прволигаш. Од клубот сметаат дека мора да ја подобрат формата.

Во кратката изјава Трабзонспор напиша:

„Како резултат на состанокот одржан денеска од нашиот претседател Ертугрул Доган, нашиот потпретседател Зејат Кафкас и нашиот тренер Шенол Гунеш, беше одлучено нашите професионални фудбалери Мислав Оршиќ, Стефано Денсвил, Енис Барди и Умут Бозок да тренираат одвоено од тимот за да ги подобрат своите перформанси. Со почит“.

Како што пишува турскиот портал Фотоспор, Трабзонспор во зимскиот преоден рок ќе се обиде да се ослободи од Барди и од двајца Хрвати: „Примарната цел е клубот да се ослободи од Енис Барди, Мислав Оршиќ и Борна Баришиќ“.

Барди сезонава настапи на осум натпревари за Трабзонспорт, одигра вкупно 377 минути, пишува ТопСпорт.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајков: Тренд кој не загрижува – сѐ повеќе млади ја гледаат својата иднина надвор

Следно

Тренерот кој удри шлаканица на 8-годишно дете доби суспензија од 6 месеци

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop