Трајков: Тренд кој не загрижува – сѐ повеќе млади ја гледаат својата иднина надвор

November 11, 2024
1 min read

Министерство за европски прашања, информира дека Заменик министерката за европски прашања доцент  д-р Викторија Трајков, денеска присуствувала на настан кој е дел од проектот „Дијалог на граѓанското општество меѓу Македонија и Бугарија“, финансиран од Европската Унија. Настанот се фокусира на темата „Човечки развој – млади и одлив на мозоци“.

Во своето обраќање, заменик министеркaта Трајков истакна дека задржувањето на младите и на талентираните кадри е приоритет за Владата и ги повика сите чинители на заедничка соработка за создавање амбиент во кој младите ќе можат да ги остварат своите потенцијали и да ја градат својата иднина во Македонија.
„Сите ние сме свесни дека квалитетната, амбициозна и образована младина е највредниот ресурс на една нација. Сепак, сведоци сме на тренд кој не може, а да не не загрижува – сѐ повеќе млади ја гледаат својата иднина надвор од земјата. Економските можности, подоброто образование и квалитетниот живот се само некои од причините кои младите ја напуштаат државата. Затоа овие алармантни бројки треба да не освестат и да не потсетат дека наша одговорност како општество, и пред сѐ како носители на одлуки, е да ја промениме оваа состојба, истакна доцент д-р Викторија Трајков во своето обраќање на работилницата на тема „Човечки развој – млади и одлив на мозоци“.Треба  да создадеме услови за пoквалитетно образование, истакна доцент д-р Трајков, но истовремено додаде дека треба да создадеме економска и политичка стабилност што ќе овозможи стабилно вработување, конкурентни плати и фер услови за работа.
„Визијата за нашето општество мора да биде таква што ги вклучува младите како рамноправни партнери. Тоа значи да ја слушнеме нивната визија за иднината, да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки и да им овозможиме да видат перспектива и иднина во земјата. Секој млад човек кој ќе остане и ќе придонесува дома е нова вредност за нашето општество и за иднината на нашата држава, истакна доцент д-р Викторија Трајков.
На тркалезна маса на која беа вклучени креаторите на политики и носителите на одлуки од Македонија и Бугарија, се разменија  искуства и се претставија конкретни мерки и стратегии за намалување на „одливот на мозоци“.
Оваа иницијатива има за цел да го поттикне дијалогот и соработката меѓу граѓанските организации и институциите од Македонија и Бугарија во справување со предизвиците поврзани со човечкиот развој и одливот на таленти од регионот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Пензиите ќе се зголемат линеарно за 2.500 денари во март, ќе растат платите и во здравството

Следно

Трабзон сака да се ослободи од Барди: Македонскиот репрезентативец исфрлен од првиот тим

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop