Битола ќе ги види делата на македонските класици од концептот „Париски рефлексии“

November 11, 2024
2 mins read

Во Културниот и информативен центар во Битола, на 13 ноември, ќе се отвори изложбата насловена „Париски рефлексии 2 и 3“. Изложбате е реализирана во соработка со Францускиот институт во Скопје, односно со амбасадата на Франција и три дела на „Париски рефлексии“ беа претставени во Чифте амам. Поводот за овие соработки три години наназад беше одбележувањето на Деновите на Франкофонијата во нашата земја, со што ја претставивме соработката помеѓу двете земји и проткајувањето на пријателските односи од уметнички аспект.

Како и минатата година, така и оваа ќе бидат претставени селекции од овие изложби во Културно информативниот центар Офицерски дом – Битола, во соработка со Француското конзуларно претставништво и Француската Алијанса, а со поддршка на Француската амбасада, односно Францускиот институт од Скопје. Овој пат НУ Национална галерија на РС Македонија ја претставува изложбата „Париски рефлексии 2 и 3“.

Минатата година во Битола беа претставени основоположниците на македонската модерна, односно современа мисла кои дел од своето творештво го дефинирале преку студиски престои и специјализации во центарот на уметноста – Париз, односно во интернационалната заедница означена под синтагмата Париска школа. Тоа беа македонските уметници: Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димитар Пандилов Аврамовски, Томо Владимирски, Борко Лазески, Лена Стефанова, Димо Тодоровски, Димче Коцо, Лена Стефанова, Василије Поповиќ Цицо и Вангел Коџоман.

Во 2024 година пред битолската јавност се претставуваа втората генерација автори кои се родени до 1930 година, и се вклучиле во дефинирањето на ликовната сцена кај нас по Втората светска војна па се до 6та и 7та деценија на 20 век: Борислав Траиковски, Димитар Кондовски, Томо Шијак, Петар Мазев, Спасе Куновски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Миле Корубин, Богољуб Ивковиќ, Ристо Лозаноски, Ванчо Ѓорѓиевски, Трајче Јанчевски. Преку претставените дела на оваа генерација автори се чувствуваат рефлексиите на едно време, особено во доменот на пренесување на влијанијата на двете навидум спротивставени оски – апстрактната уметност и фигуративната, пред се преку влијанијата на надреализмот и енформелот.

Воедно, изложбата која го носеше предзнакот 3 и претставуваше избор на дела од третата генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, дел како добитници на тогашната државна награда „Моша Пијаде“, но и преку специјализации и дополнување на образованието, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани со центарот на светската уметност – Париз. Со тоа, секој со своето препознатливо творечко кредо, извршиле влијание врз развојот на македонската уметност, особено во доменот на пренесување и продлабочување на влијанијата на енформелот, надреализмот, новата фигурација, геометризмот и останатите тогаш актуелни светски тенденции. Во овој дел се вклучени авторите кои се родени по 1930 година, ја дефинирале ликовната сцена кај нас во седмата и осмата деценија на 20 век, а се значајни и по нивната педагошка дејност (многу од нив стануваат професори на Академијата за ликовна уметност во Скопје): Нове Франговски, Душан Перчинков, Родољуб Анастасов, Танас Луловски, Ристо Калчевски, Ана Темкова, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски – Гуте, Кирил Ефремов, Александар Ристески, Александар Јанкуловски – Цане, Васко Ташковски, (сликари). Боро Митриќески, Стефан Маневски, Васил Василев, Драган Попоски Дада, Борис Николовски (скулптори).

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. Сите претставени дела, од кои повеќето се ретко изложувани, се дел од Колекцијата на Националната галерија.

Изложбата ќе ја отворат г-дин Благојче Божиновски, в.д. директор на институцијата домаќин Културен и информативен центар – Битола, Маја Неделкоска-Брзанова, в.д. директор на Националната галерија и Господин Филип Маршето, Прв Советник во Амбасадата на Франција.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Македонија годишно од загаден воздух умираат околу 3.400 луѓе

Следно

Нови цени на горивата: Бензинот поскапува, дизелот останува со иста цена!

Latest from Blog

Утре во Албанија се одржуваат парламентарни избори

Албанските граѓани утре излегуваат на парламентарни избори. Изборите се сметаат за одлучувачки за демократскиот пат на Албанија, нејзината посветеност во борбата против корупцијата и нејзината аспирација за влез во ЕУ. Со повик

„Плаја Виста“ некогаш и сега – спортско-рекреативниот центар слика за нашата (не)грижа и однос кон некогаш култните спортски објекти

Ваква беше сликата и атмосферата пред неколку децинии во спортско-рекреативниот центар под Кале. На зима и лете. Базенот Плаја Виста преполн со народ, рекреативно лизгање, но и професионален хокеј на мраз. И

„Хуманитарната ситуација во Појасот Газа стана неподнослива“, рече германскиот министер за надворешни работи Вадефул

БЕРЛИН (АА) – Новиот германски министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изјави дека ситуацијата во Појасот Газа станала неподнослива, известува Анадолу. Во изјавата дадена пред неговата посета на Израел и Палестина, Вадефул

Обид за убиство во Скопје: Турчин со капак од шахта се обидел да убие сонародник

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со

ЗАГРЕПСКИОТ МУЗЕЈ ЗА УМЕТНОСТ ПО 71 ГОДИНА ЌЕ ИЗЛОЖИ 24 ДЕЛА ОД СТУДЕНТСКИТЕ ДЕНОВИ НА ПРВАТА МАКЕДОНСКА АКАДЕМСКА СЛИКАРКА МЕНА СПИРОВСКА

Дваесет и четири дела од Мена Спировска (1928-2011), првата македонска академски образована сликарка, на 13 мај ќе се изложат во Културно информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Загреб (19 часот). Изложбата е
Go toTop