ГОДИНАВА НЕМА ДА СЕ ПОДДРЖИ НИЕДЕН МАКЕДОНСКИ ФИЛМ, АГЕНЦИЈАТА ГО ПОНИШТИ КОНКУРСОТ

November 8, 2024
1 min read

Агенцијата за филм го поништи конкурсот за финансирање проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2024, што значи дека годинава нема да се сними ниеден македонски филм.

Според информацијата на веб-страницата на Агенцијата, Управниот одбор на Агенцијата на седница одржана на 30 октомври донел одлука за поништување на конкурсот, кој беше објавен на 26 јануари.

„Конкретниот Конкурс се поништува поради тоа што со поведувањето и спроведувањето на истиот се утврди дека постојат неправилности и незаконитости во дејствија“, стои во одлуката.

По првиот рок на одлучување по Конкурсот кој бил објавен не е одлучено ниту во законскиот предвиден рок во април, ниту кога е продолжен рокот за одлучувуње со известување на веб-страницата, ниту до денот на донесување на оваа одлука. Не е донесена одлука за прифаќање или за одбивање на филмските проекти на кошсурсот, што е спротивно на член 25, етав 1 од Законот, според кој по доставени филмски проекти на конкурсот се одлучува двапати годишно, во април и во октомври.

Клучните проблеми вклучуваат пропуштање да се донесат одлуки за пријавите во предвидените рокови (април и октомври). Дополнително, постапката била усложнета со интерни акти кои биле во спротивност со законските правила за евалуација на проекти. Исто така, имало нејаснотии околу роковите за поднесување на пријавите и критериумите за евалуација, како и процедурите за известување. Поради овие проблеми, Агенцијата одлучила дека понатамошно спроведување на конкурсот би било законски спорно и потенцијално штетно, па затоа го поништи конкурсот во целост.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одбележан Денот на ослободувањето во Штип

Следно

Мицкоски и Меџити на средба со директорот на ЕИБ Бјорн: Владата искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава

Latest from Blog

ВЛЕН: ДУИ бега од одговорност со измислени афери

ВЛЕН остро реагираше на обвинувањата упатени од ДУИ, оценувајќи дека станува збор за обид за манипулација на јавноста и пренасочување на вниманието од, како што наведуваат, сопствените афери, имотни прашања и политичка

Продолжува во Тирана 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Во Тирана продолжува 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана. Претставници на словенските малцинства од 20 организаци со 40 преставници од

Последниот танц на легендите: Фудбалот каков што го знаеме се менува после Мундијалот

Светското првенство 2026 година нема да биде само уште еден турнир. Нема да биде само месец и половина исполнети со голови, изненадувања, солзи и славја, туку и последниот танц на легендите. Овој

Кина: Започнавме специјална поморска операција во близина на Тајван

 Овие две земји, имено, планираат да започнат преговори за поморските граници во таа област и подлабоко да ги поврзат своите одбранбени сили, објавува Блумберг. Кинеското Министерство за транспорт организираше „специјална операција за

Николоски: Охрид добива две нови авиолинии од Полска – Летовите од Вроцлав и Катовице наскоро стартуваат

Македонија добива две нови авиолинии кои ќе ја поврзат Полска со Охрид, со што се очекува дополнително зголемување на бројот на туристи и бизнис-патници во земјата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар
Go toTop