„Сончоглед-ефект“ и во Македонија: На Османи му „текна“ дека и Ахмети се сретнал со Гренел во Скопје

November 8, 2024
2 mins read

Победата на Доналд Трамп предизвика лавина на реакции и честитки, дел од нив и од ликови кои до вчера беа силни подджувачи на демократите и Харис. „Сончоглед“-ефектот не ја заобиколи ниту Македонија, каде довчерашните „окорели“ Бајденисти и луѓе кои со камења фрлаа по Трамп, го ругаа дека е фашист, употребувајќи најнизок и ултрабезобразен вокабулар, наеднаш во средата се разбудија како Трамписти. Ова не ги одбегна ниту партиите. Голем дел довчерашни поддржувачи на демократите наеднаш сфатија дека, всушност, биле републиканци.

По инстант-трансформацијата на ставовите на челниците на ДУИ и особено СДСМ, се очекува и јавување на болументата на дежурните пискарала Дерала, Иванов, Бојаровски и останата СДСМ и ДУИ новинарска ергела која силно се излизга со своите ставови и изјави. Прашањето е само, како ќе ги измијат довчерашните медиумски повраќаници кои без срам и перде и ги презентираа на јавноста. Со години…

Така, во наплив на враќање на меморија и сеќавања дека се „блиски“ до републиканците и ексминистерот Османи сега тврди дека и Али Ахмети, покрај премиерот Христијан Мицкоски, во Скопје се сретнал со блискиот соработник на Трамп, Ричард Гренел, за кој  е извесно дека ќе биде еден од важните функционери на новата американска администрација за нивната надворешна политика.

– Гренел е добар познавач на околностите овде и има лични контакти. Тој е запознаен со политиката овде. Мислам дека тоа е добро. Затоа што кога имате некој во внатрешниот круг на Трамп кој ги знае околностите, тоа значи подиректен ангажман. Така што тоа што и премиерот и Ахмети се сретнаа со Гренел, а Гренел е во потесниот круг на Трамп, е добро за нас. Сметам дека ни треба повеќе американски ангажман и за последното прашање со Бугарија и ЕУ и тоа може да биде дополнителна вредност – вели Осма

Османи остана познат како министер за надворешни работи кој на заминување потпиша решение за ТВ водителката новинарката Бесмира, која што тој во 2022 година сакаше да ја прати за Генерален конзул во Њујорк, но се повлече под притисок од јавноста.

Доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и САД директно и формално се вклучат во гарантирањето на процесот на европска интеграција на Македонија, може да се создаде порелаксирана атмосфера во земјата за влез во поадминистративниот дел од преговорите за членство во ЕУ, вели поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи во врска со блокираниот европски пат на земјава.

Османи вели дека Трамп и неговата администрација имаат различен пристап кон меѓународната политика. Трамп повеќе сака резултати сега, отколку дипломатија и разговори до бесконечност и билатерализација наспоти мултилатеризација.

– Мислам дека е доволно во оваа фаза Америка да биде тој гаранторот на дилемите овде, дали е ова последно барање или не. Тоа што го направи на пример германскиот Бундестаг во однос на идентитеските прашања. Доколку претседателот Трамп и Америка се вклучат директно и формално во гарантирањето на процесот, мислам дека може да се создаде една порелаксирана атмосфера овде, за да се влезе во тој поадминистративен дел на членството во ЕУ – рече Османи во емисијата „360 степени“’ на МРТ1.

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители

Следно

Мицкоски прво да испорача, па после ќе го дружат, до тогаш – изолација

Latest from Blog

ДУИ: Изгубени 40 милиони евра – неуспех на европската агенда на сите фронтови

Во сенка на големиот дебакл во Европскиот парламент, речиси незабележано поминува веста дека државата изгубила речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија.Овие средства не беа симболични.Тие беа наменети

Врховниот суд на САД ќе одлучува за учеството на трансродови лица во женски спортови

Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ги разгледа првите случаи поврзани со учеството на трансродови лица во женски спортски натпревари – тема која предизвикува сè поголеми политички и правни поделби во

Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година

Во академската 2024/2025 година на додипломски (прв циклус) студии се запишале 53 535 студенти, што е зголемување за 2.3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Go toTop