Совет за безбедност: Состојбата во Македонија е стабилна

November 4, 2024
1 min read

„Состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот на државата. Надлежните институции редовно ги следат состојбите во земјата и опкружувањето и системот за национална безбедност е функционален и обезбедува рано предупредување за евентуални закани и ризици“.

Ова го заклучиле присутните на денешната конститутивна седница на Советот за безбедносот, која се одржа во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

На  седницата со која претседаваше претседателката Сиљановска Давкова, присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.

На покана на претседателката Сиљановска Давкова, во работата на Советот за безбедност учествуваа и реферираа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

Советот за безбедност на седницата констатираше дека состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот на државата.

Присутните констатираа дека надлежните институции редовно ги следат состојбите во земјата и опкружувањето и дека системот за национална безбедност е функционален и обезбедува рано предупредување за евентуални закани и ризици.

Учеството на Армијата во НАТО-мисиите, ЕУ-мисиите и во мисии во ОН е успешно и продолжува, а бројот на учесниците во мисиите се одредува во зависност од потребите и одлуките на надлежните институции.

Советот за безбедност ќе се состанува на секои три месеци, а по потреба и почесто, соопшти кабинетот на македонската претседателка.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија

Следно

Платите на буџетарите ќе чинат околу 930 милиони евра – Давитковски: Итна реформа за да не „го изеде“ администрацијата буџетот

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop