„Ајде да се запознаеме“, повикува амбасадата на Грција со серија проекции на грчки филмови

November 4, 2024
1 min read

Амбасадата на Грција во Северна Македонија започнува серија проекции на грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“. Целта на проекциите е да се претстават современите грчки филмови кои беа многу сакани и во Грција но и во странство. 

Серијата на проекции „Ајде да се запознаеме“ ќе започне динамично со повеќенаградуваниот филм „Мала Англија“  (2013, 2h12) на Пантелис Вулгарис, еден од најзначајните грчки режисери, кој заедно со Теодорос Ангелопулос беа главните претставници на трендот на Новата Грчка Кинематографија, која стана светски позната во 70-тите.

Филмот „Мала Англија“ е една романтична драма, која се врти околу тоа како договорениот брак ќе го размрда животот на едно семејство во периодот помеѓу 30-тите и 50-тите години. Дејството на филмот се одвива на островот Андрос, наречен Мала Англија поради финансиската моќ на неговите жители. Филмот „Мала Англија“ е производ на соработката на режисерот Панделис Вулагарис и истакнатата грчка писателка Јоана Каристианис и постигна голем успех од уметнички но и од комерцијален аспект. Доби 6 признанија од Грчката Филмска Академија и награда за најдобар филм на 17иот Меѓународен Филмски Фестивал во Шангај.

Проекцијата на „Мала Англија“ ќе се одржи во Кинотека на Северна Македонија (ул. Никола Русински бр.1, Скопје), во среда, 6 ноември 2024 година, во 19:00 часот.

Влезот е бесплатен.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗНМ: Се зголемува бројот на тужби против новинари

Следно

„Доказите се обезбедени од апликацијата Скај“ – Уапсени двајца полицајци: Оддавале службени тајни на „Дуќанџик“

Latest from Blog

Министерството за енергетика прво со максимални 100 отсто транспарентност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. За само две години од формирањето,

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.
Go toTop