Трет ден на жалост во Нови Сад: Повредените и натаму во тешка состојба

November 4, 2024
2 mins read

Трет ден ден на жалост…Се уште во тешка состојба се тројца повредени  во падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, а лекарите даваат се од себе во борба за нивните животи, изјави Весна Туркулов, директорка на Клиничкиот центар на Војводина.  

Пациентите се уште се во многу тешка состојба, се уште се нестабилни. Лекарите од Клиничкиот центар прават максимални напори, има голем стручен тим, се бориме за нивниот живот, а дијагностиката е постојано во тек.

Туркулов вели дека над пациентите се дежура  24 часа особено затоа што се работи за пациенти кои се уште се на апарати за вештачко дишење.Според неа, повреди од овој тип можат да се видат само во случаи на земјотреси 

– Кога велам дијагностика, мислам пред се на скенери, поради можно внатрешно крварење. Тоа е најважно. – Весна Туркулов директорка на Клиничкиот центар на Војводина.

И додека тројца повредени се борат за живот, а 14 луѓе ги загубија животите по падот на настрешницата во Нови САД, од движењето Тргни-Промени денеска поднесоа кривична пријава против Вучиќ, Брнабиќ, Вучевиќ и одговорните за падот на настрешницата.

– Поднесуваме две кривични пријави, тие ќе бидат потпишани од Стеван Бабиќ, шеф на советничката група Крени-Промени Нови Сад и јас во име на Крени-Промени. Едниот е против Н.Н. лица каде што се бараат одговорните лица кои го предизвикаа фаталниот исход со уривањето на железницата и потребно е да се утврди дали некој што работел на проектот, некој од изведувачите или некој што требало да врши надзор од Железницата или други служби се директно одговорни за оваа смрт. – Саво Манојловиќ лидер на движењето Тргни-Промени.

Според  извештајот на инженерот Зоран Ѓајиќ  во еден од панелите недостасуваат делови од бетон, а на местото на бетонот „биле наполнети стуткани цементни кеси за да се намали количината на употребениот бетон. Тој упатил бројни предупредувања до властите, кои го игнорирале неговиот апел. Екпертите велат и дека  решение за градба е токму од ресорното министретство. 

Изјава Бранислав Ивковић – пензиониран професор 

Министраство носи решение  за  које не може биде извршно додека не се направи проект за изведување. Откако ќе се направи проектот  се пристапува кон градење, по што инвеститорот одлучува  кој ќе биуде стручниот надзор. а кога ќе се  заврши градбата , неопходно е да се изврши технички прием. 

 

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад досега сослушало 40 лица. Покрај кривичната одговорност, надлежните уверуваат дека политичка одговорност ќе има. 

 

 

 

Изјава : Александар Вучиќ-претседател на Србија

 

 

-Уште еднаш сакам да изразам сочуство на семјествата на настраданите во несреќата на Железничката станица во Нови Сад. И да кажам дека сум сигурен дека надлежните органи ќе утврдат кој е кривично одговорен за трагедијата што ја снајде државата. 

 

Граѓаните на Србија излего на протести, беа побарани оставки Политичките организации и партии, но и граѓаните најавија радикализација на протестот. Во несреќата во Нови Сад почина и Македонскиот Граѓанин професорот  Васко Саздовски. Саздовски беше сопруг и татко на две деца, но и врвен научник.Тој работеше една година во Институтот БиоСенс во Нови Сад, каде што се занимаваше со истражување и развој на информатички технологии за земјоделство. 

 

 

 

 

 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработените во „Царинскиот терминал“ денеска излегоа на предупредувачки штрајк

Следно

Директорот на БЈБ Јанев на генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка

Latest from Blog

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон

(Видео) ЦЕЛ БАНКОК Е ЗОНА НА КАТАСТРОФА – Властите потполно немоќни

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што го погодуваат Тајланд од средината на септември се искачи на 23 лица, соопшти тајландската влада, додека ситуацијата на терен останува драматична. Според најновите податоци, во

Колумна на Виктор Грозданов за Plusinfo.mk: Насилнички екоактивизам

Што е разликата помеѓу мене, моите колеги од металургијата, рударството и геологијата, нормалните новинари, од една страна, и насилничкиот, како што јас го нарекувам „екоактивизам на батерии“, од друга страна? Разликата е

Боштјан Цесар и Гоце Седлоски беа соиграчи, а требаше и да го наследи во Вардар, но стана селектор на Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Словенија во Љубљана го игра вториот натпревар од Лигата на нации. Јавноста се надева на многу подобро издание од првиот меч против Швајцарија, а тоа секако
Go toTop