Вработените во „Царинскиот терминал“ денеска излегоа на предупредувачки штрајк

November 4, 2024
1 min read

Вработените во „Царинскиот терминал“ од Прилеп кој што е основан од ЈКП „Комуналец“ од овој град денеска излегоа на предупредувачки штрајк затоа што немаат земено плата 3 месеци. Се жалат и на тоа дека немаат редовно здравствено осигурување скоро 1 година.

„Година дена ќе се даде плата при крајот на месецот, 2 дена имаме здравствено осигурување, а сите сме возрасни, сите сме над 50 години, сите сме со проблеми, а здравствено немаме“, рече Славе Јорданоски, вработен во „Царински терминал“- Прилеп.

Моментално „Терминалот“ има 10 вработени, а веќе 1 месец била затворена и кујната со трпезарија на новите градски гробишта која беше во состав на „Терминалот“.

„Секој месец чекаа да земиме ние плата, па да ги повлечат парите и Комуналец да земат пари. Но, оваа последна година, година и пол немаме никакво разбирање, ни од Комуналец, ни од градоначалник, ни од власт, ништо“, истакна Зоран Стеваноски, вработен во „Царински терминал“- Прилеп.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Формиран Трибунал за Газа кој ќе ги истражи правните, политичките и етичките аспекти на она што се случува во Газа

Следно

Трет ден на жалост во Нови Сад: Повредените и натаму во тешка состојба

Latest from Blog

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата
Go toTop