Илјадници граѓани на местото на трагедијата палат свеќи, тројцата повредени се уште во критична состојба

November 2, 2024
1 min read

Во Нови Сад денеска почна тридневна жалост поради несреќата во која загинаа четиринаесет лица, а тројца се тешко повредени кога врз нив се урна бетонската настрешница на Железничката станица. Тројца од повредените кои се во УКЦ Војводина се уште се во критична состојба, јави дописникот на МИА од Белград.

Вечерва спроти Железничката станица во Нови Сад илјадници граѓани палеа свеќи и оставаа цвеќиња и играчки, како и во текот на целиот ден. Насобраните држат транспаренти со имињата на 14-те загинати во несреќата. Свеќи беа запалени и на плоштадот Слобода.

Директорката на Клиничкиот центар на Војводина Весна Туркулов денеска изјави дека тројцата повредени во несреќата пред зградата на железничката станица во Нови Сад, според последните информации, се во тешка состојба, дека се во бессознание, сите се на машини за вештачко дишење и се витално загрозени.

Туркулов рече дека денеска се направени нови операции на тројцата спасени пациенти и дека во тек е дополнителна дијагностика.

– Сите се во многу тешка состојба и се хируршки третирани. Неблагодарно е да се даваат предвидувања. Станува збор за сериозни повреди опасни по живот, така што исходот е навистина неизвесен. Сите се млади луѓе, изјави директорката на Клиничкиот центар во Војводина.

Туркулов повтори дека станува збор за сериозни повреди со нагмечувања на внатрешните органи.

– Постојано се праќаат на дополнителна дијагностика, на скенери, каде се забележува некое ново внатрешно крварење, за дополнително да се лекуваат внатрешните повреди, нагласи таа.

Во несреќата спасени се три лица, две жени на возраст од 23 и 21 година, кои неколку часа по уривањето на конструкцијата беа извлечени од под урнатините и 18-годишно момче на кое му беше ампутирана ногата.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Марковски: Ваквите наоди на ЕК се пренагласени и се однесуваат на изолирани случаи

Следно

Никола Димитров удрен

Latest from Blog

ВРЕДИ до ЗНАМ: Правда е забетонирана за ВЛЕН

Министерството за правда и министерството за култура се двете нови институции кои ќе ги добие Вреди по владината реконструкција, како што веќе објави Телевизија 24. Засега не е познато кои функционери ќе

Проданоски: Мариово е едно од највредните природни и културни богатства на Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот јубилеј – 40 години од манифестацијата „Мариовско-мегленски културни средби“, што се одржа во манастирот „Св. Илија“ во Мариово. На настанот,

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,
Go toTop