Screenshot

Божиновска: Сигурното снабдување со струја и заштитата од ценовни шокови се наши приоритети

October 10, 2026
1 min read

Владата ги презема сите мерки за да ги заштити граѓаните од ценовни шокови и да обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во интервју за МИА.

Божиновска посочи дека околу 80 проценти од населението се наоѓа во првиот тарифен блок. Таа нагласи дека се вложуваат напори да нема поскапувања, но предупреди дека глобалните случувања создаваат неизвесности врз кои државата не може целосно да влијае.

„Некои работи ние едноставно не можеме да ги контролираме, но што се однесува до производството, ќе направиме сѐ за да биде на одлично ниво“, истакна министерката.

Во однос на можноста следната година да се продолжи периодот на евтина струја, Божиновска рече дека Регулаторната комисија за енергетика прави анализи, имајќи го предвид и зголемениот број фотоволтаични електрани во земјата. Таа најави средба со претседателот на Комисијата за да се разгледаат можните решенија во интерес на граѓаните.

Министерката информираше дека, според разговорите со претставниците на ЕСМ, исполнетоста на акумулациите моментно изнесува околу 40 проценти. Ова ниво го оцени како добро за овој период од годината и порача дека државата ќе ги преземе потребните чекори за сигурност во снабдувањето.

Божиновска се осврна и на регионалната енергетска соработка, по учеството на Вториот министерски самит за енергетика во Белград. На билатералната средба со бугарската министерка за енергетика, Ива Петрова, разговарале за батериски системи за складирање енергија, поврзување на електроенергетските пазари, прекугранична размена и мерки против енергетската сиромаштија.

Меѓу темите биле и Иницијативата Исток–Запад за дополнително електроенергетско поврзување меѓу Македонија и Бугарија, како и можностите за заеднички настап пред меѓународните финансиски институции за стратешки проекти.

Според Божиновска, соработката ќе се продлабочува и преку поврзување на МЕПСО, НОМАГАС и МЕМО со нивните партнери во Бугарија. Целта е да се обезбедат повеќе интерконекции, поголеми преносни капацитети и посигурен енергетски систем за граѓаните и стопанството.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Насилството не може да се оправда со униформа

Latest from Blog

ВЛЕН: Насилството не може да се оправда со униформа

ВЛЕН бара целосно расветлување на случајот со двајцата млади од Сарај кои пријавиле малтретирање од полициски службеници и одговорност доколку истрагата утврди пречекорување на овластувањата или прекршување на законот. Од партијата изразуваат

Божиновска: Нова стратегија за искористување на геолошкиот потенцијал на Македонија

Со Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година се поставува долгорочна рамка за подобро искористување на геолошкиот потенцијал на Македонија, истакна министерката за

ФЕРО ИНВЕСТ ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ПОДДРЖУВА МЕЃУНАРОДНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни
Go toTop