Србија во шок и во жалост – 14 загинати од рушење на бетонска настрешница на железничката во Нови сад

November 2, 2024
2 mins read

Ден на жалост во Србија по страшната несреќа во Нови Сад во која животот го загубија 14 лица, а тројца завршија со тешки повреди. Меѓу загинатите и македонски државјанин. 45 годишниот Васко Саздовски почина откако се урна бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Саздовски работел како научник во Институтот „Биосенс“ во вториот по големина град во Србија, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Неговите колеги велат дека Саздовски работел таму нешто повеќе од една година, а речиси секој викенд се враќал во Македонија, каде што живеат неговата сопруга и двете деца. На пат тргнал и кобниот петок. Смртта на македонскиот државјанин ја потврдија и од МНР.,

„Од страна на Министерството за надворешни работи на Србија, македонската амбасада во Белград доцна синоќа беше информирана дека на 1 ноември, во Нови Сад, при пад на настрешница, животот го загубил В.С., роден 1979 година, државјанин на Република Северна Македонија.“ – Министерство за надворешни работи на Македонија.

Идентификувани се сите загинати, на возраст од 6 до 77 години, а српските спасувачки служби до доцна во ноќта трагаа по преживеани. Во универзитетскиот клинички центар во Војводина сместени се три лица.

„Сите се во тешка состојба. Едно лице е машко а две се женски на возраст од 18 до 24 години. Врз сите се извршени операции. Тешко е да се каже што ќе се случи. Станува збор за многу тешки телесни повреди. Тие се живи но нивната состојба е многу сериозна.“ – Весна Туркулов- директор на Клиничкиот центар во Војводина.

Надлежните најавија истрага за несреќата на станицата, која беше отворена летово по тригодишна реконструкција. Во поправките биле вклучени транспортниот институт, кој го реализирал проектот, железничката инфраструктура на Србија, која е одговорна за станицата и кинеските компании, кои биле изведувачи.

– Во тек е увид да се утврди како паднала настрешницата. Ќе се провери и зошто настрешницата не била дел од планот за реконструкција и кој утврдил дека нема потребна од реконструкција. Идејното решение беше објавено во мај 2020 година, а идејниот проект беше усвоен во август истата година. Самата градежна дозвола е издадена во октомври 2021 година. Во тој процес има луѓе кои ја оценуваат статиката и даваат предлози кои потоа поминуваат стручна ревизија. Врз основа на тоа некој донел одлука настрешницата да не биде предмет на реконструкција. Ако тогаш детално се реконструираше настрешницата, ова немаше да се случи.“ – Горан Весиќ  министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад отвори истрага и почна со распит на лицата кои биле вклучени во реновирањето на станицата. Први се очекува на разговор да се појават одговорните на неколку институции кои работеле на обнова на станицата. Според тврдењата на кинеската компанија која ги изведуваше работите, тој дел од зградата не бил предмет на реконструкција.

„Во текот на денот ќе бидат сослушани најмалку дваесет лица, меѓу кои одговорни лица од Министерството, надлежниот министер, одговорните лица од АД „Железница Србија“, одговорните лица на Заводот за заштита на спомениците на културата на градот Нови Сад, како и други лица, со цел да се утврдат сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност на лицата.“ – Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Спроти железничка станица во Нови Сад, каде вчера загинаа 14 лица, новосаѓани од утрово палат свеќи и носат плишани играчки. 

„Ќе се избројат жртвите, ќе поминат деновите на жалост, ќе се зборува за овие недолжни луѓе неколку дена, но дали ќе се пронајдат одговорните, тоа е она што најмногу боли. Се прашувам, дали ќе се спречи вакви несреќи да се случуваат и во иднина.“ – жителка на Нови Сад.

Обновата на станицата се одвиваше во две фази како дел од реконструкцијата на железничката линија за брзи возови. Имаше и две свечени отворања. Работите првично започнаа во октомври 2021 година а делот од обновената зграда беше отворен во март 2022 година како дел од обновената брза пруга од Белград до Нови Сад. Веднаш по тоа отворање, работите продолжија со втората фаза, а на почетокот на јули 2024 година беше соопштено дека реконструкцијата на станичната зграда е завршена. Единствениот дел кој не бил реновиран, била настрешницата.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Партиите што реално што саркастично секојдневно за можноста од двојни избори наредната година

Следно

Прва исповед на таткото на загинатите девојчиња Сара и Тина во Нови Сад: Немам зборови да ја опишам оваа тага и болка, се чувствувам ужасно и немоќно

Latest from Blog

Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани

На 03.07.2025 во 00.25 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд- Скопје, извршиле претрес во

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop