Прва исповед на таткото на загинатите девојчиња Сара и Тина во Нови Сад: Немам зборови да ја опишам оваа тага и болка, се чувствувам ужасно и немоќно

November 2, 2024
1 min read

Најтажната вест за трагедијата на железничката станица во Нови Сад утрово ја соопштил нивниот дедо Бранко Матиќ од Лозница, кој синоќа бил информиран дека неговите внуки Сара (5) и Тина (9) загинале во уривање на конструкцијата.

Таткото на девојчето, Ѓорѓе Фириќ, е уништен од болката, објави српска Република.

-Јас сум татко на Сара и Тина, немам зборови да ја опишам оваа тага и болка, изјави Фириќ за „Република“.

Сестрите од Нови Сад, Тина (9) и Сара (5) не го преживеаја падот на настрешницата вчера на железничката станица во Нови Сад.

Ѓорѓе Фириќ, кој од болка и тага едвај зборуваше, изјави дека семејството се подготвувало за најлошото, а од трагедијата што го снајде не знае да зборува.

-Јас сум таткото на Сара и Тина, немам зборови да ја опишам оваа тага и болка. Се чувствувам ужасно, немоќно. Ова се моите ќерки, не можам да се воздржам. Не знам ни како стојам на нозе, рече Ѓорѓе, а потоа продолжи со разговорот:

-Ако ме разбирате, во моментов не можам да зборувам за трагедијата, моите ќерки ги нема. Немам сила, ако ми верувате. Само нека помине ова малку, па ќе ви кажам сѐ. Да ви кажам право, јас сум во хаос. Не знам ни што да ви кажам сега, да бидам искрен немам повеќе зборови.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија во шок и во жалост – 14 загинати од рушење на бетонска настрешница на железничката во Нови сад

Следно

Во Амбасадата на Србија во Скопје отворена Книга на жалост за несреќата во Нови Сад

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop