Курти: Не може да има целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина без взаeмно признавање

February 15, 2023
2 mins read

Косовскиот премиер за новинарите во Приштина денеска изјавил дека европските и американските претставници прифатиле признавањето да биде дел од конечниот договор, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ)

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека и покрај фактот што предлогот на Европската унија за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е добра основа за понатамошни разговори, конечниот договор треба да содржи взаемно признавање.

Косовскиот премиер, Албин Курти/Фото: Архива

Курти за новинарите во Приштина денеска изјавил дека европските и американските претставници прифатиле признавањето да биде дел од конечниот договор, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

„Процесот на разговор сè уште не е започнат, треба да има средба на високо ниво што ќе ја свика високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и ќе видиме што и кога од разговорот“,

рекол косовскиот премиер.

Сепак, како што потенцирал тој, не може да има целосна нормализација на односите без взаемно признавање во фокусот.

„Така, на секоја средба што ја имавме со нашите европски и американски партнери, тие прифаќаат дека нормализацијата и признавањето не можат да се одвојат едно од друго“,

рекол Курти.

Косово и Србија го прифатија предлогот на Европската унија, кој во јавноста е познат како француско-германски план за нормализација на односите.

Според планот, кој не е објавен во јавноста, а во кој РСЕ имала пристап, предвидува почитување на територијалниот интегритет, еднакви права, признавање на државните симболи и посебен третман на српската заедница на Косово.

Во документот не се споменува експлицитно меѓусебното признавање на Косово и Србија, како и членството на Косово во Обединетите нации, но од Србија се бара да не се меша во членството на Косово во меѓународните организации.

На прашањето да ја коментира пораката на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека српскиот и косовскиот лидер ќе „направат тешки компромиси“, Курти рекол дека верува оти Соединетите Американски Држави се најголемиот партнер и сојузник на Косово.

„Демократското градење на државата, економскиот развој и целосното нормализирање на односите со Србија треба да се заснова на меѓусебно признавање. Секако дека во тој договор ќе има и други прашања, освен меѓусебното признавање, но тоа е во центарот“,

навел Курти.

Белград и Приштина водат дијалог за нормализација на односите од 2011 година со посредство на Европската Унија, но и двете страни имаат поинаков став во врска со конечниот договор. Додека Приштина инсистира на меѓусебно признавање, Белград бара компромисно решение.

За Белград формирањето на Заедницата на српски општини е клучна точка за продолжување на дијалогот.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ им порача на претставниците на САД и ЕУ дека Србија е подготвена да го прифати концептот на европскиот план и да работи на спроведувањето на предложениот договор за дијалог за нормализација на односите со Косово.

Сепак, тој минатата недела изјави дека дека ќе оди во Брисел на нова рунда разговори со косовскиот премиер откако ќе биде формирана заедницата на општини со српско мнозинство.

Курти претходно изјави дека би можел да размисли за формирање на таква заедница, но под шест услови, меѓу кои – да е во согласност со косовскиот устав, да не се заснова исклучиво на етничка основа и дека воопшто може да дојде предвид дури по меѓусебно признавање.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Делегација од Теслиќ во посета на Општина Кисела Вода

Следно

ВИДЕО ОД ВНАТРЕШНОСТА НА ЗГРАДИТЕ ДОДЕКА СЕ РУШЕА КАКО КУЛИ ОД КАРТИ – ѕидовите паѓаат како да се од хартија…

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 24 Јануари 2026

ОВЕН Денеска може да влезете во расправија или жесток разговор. Имајте на ум дека вашата гледна точка не е единствената точна. Дури и ако сте сигурни во себе, слушајте ја и другата

Алиу: Примарната цел на законот е да ги превенира штетните последици од пушењето, а не да се казнува

„Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се

Комерцијална банка и Алкалоид доминираа со неделен промет, МБИ10 благо надолу

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 20 до 23 јануари 2026 година, на Македонската берза беа реализирани 367 трансакции со вкупен

Денес го прославуваме Преподобен Теодосиј Велики

Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема
Go toTop