МНР: Нема информации за настрадани македонски граѓани во поплавите во Шпанија

October 30, 2024
1 min read

Mакедонската амбасада во Мадрид тековно ја следи состојбата со поплавите кои го зафатија градот Валенсија во Шпанија каде загинаа повеќе од 64 луѓе, велат за Рацин.мк од Министерството за надворешни работи.

-Во редовна комуникација сме со локалните власти, до овој момент, нема информации за настрадани наши сограѓани во поплавите. Ги повикуваме сите македонски граѓани кои се наоѓаат во Валенсија или регионот на Валенсија, доколку имаат потреба од поддршка, да ја контактираат македонската амбасада во Мадрид на следните броеви: +34915717298 или преку е-маил: [email protected], [email protected]., велат до МНР.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку својот Твитер профил упати порака за сочувство до шпанската влада и до министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарез.

Најмалку 64 лица загинаа во регионот на Валенсија во поплавите по поројните дождови кои во вторникот ги оставија патиштата и градовите под вода – соопштија локалните власти.

Десетици видеа споделени во текот на ноќта на социјалните мрежи покажуваат луѓе заробени од надојдените води, од кои некои се качувале на дрвја за да се спасат – објави „Ројтерс“.

Карлос Мазон, регионалниот шеф на Валенсија, на прес-конференција рече дека некои луѓе останале изолирани на непристапни места.

С.Т.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Извештај на ЕК за напредокот на Македонија: Пофалби за политичката посветеност и меѓуетничките односи, критики за кривичниот законик на СДСМ/ДУИ и администрацијата

Следно

Со 70 гласа „За“: Собранието усвои Национална развојна стратегија 2024-2044

Latest from Blog

Календар на МПЦ: Денес е Преподобен Пимен Велики

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 август. Преподобен Пимен Велики Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива

Две комисии ќе заседаваат во Собрание

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на двете собраниски комисии се две исти точки –

Невремето направи хаос во Хонгконг- училиштата затворени, не работат компаниите (ВИДЕО)

23 Повеќе летови се откажани и поради бурата, која достигна јачина од 170 километри на час, објави Ројтерс. Поголемиот дел од јавниот превоз во Хонгконг, вклучувајќи фериботи, автобуси и трамваи, е суспендиран. Училиштата
Go toTop