Највисокиот руски дипломат Лавров вели дека напорите на Западот да се изолира Москва се зголемиле „десеткратно“

October 30, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека напорите на Западот да ја изолира неговата земја и да ја порази Москва во тековната војна во Украина десеткратно се зголемени, јавува Анадолу.

„’Колективниот Запад’, предводен од САД, буквално ‘десеткратно ги зголеми’ напорите за систематско ограничување на Русија и започна целосна хибридна агресија против нашата земја, со цел да ни нанесе ‘стратегиски пораз’“, рече Лавров во обраќањето на 8. Светски конгрес на руските сонародници што живеат во странство.

Велејќи дека ситуацијата на меѓународната сцена „не станала полесна“ во трите години од последното заседание на конгресот во 2021 година, Лавров рече дека САД и НАТО „отворено ја објавиле својата намера да ја ограничат Русија на маргините на глобалниот развој“.

Овие напори Лавров ги дефинира како „осудени на неуспех“, велејќи дека Москва ја продолжува својата „специјална воена операција“ и дека ќе ги постигне своите цели што ги поставил претседателот Владимир Путин.

Лавров рече дека не успеале обидите Русија да се изолира на меѓународната арена, тврдејќи дека земјите од светското мнозинство ги зајакнуваат своите врски со Москва во различни формати и области, а како доказ го наведе 16. Самит на БРИКС во градот Казан.

„Народите кои живеат на југот и на истокот разбираат дека суверена, силна Русија е најважен фактор во формирањето на фер мултиполарен светски поредок, кој не е заснован врз зборови, туку врз дела на принципите на Повелбата на ОН, не селективно, туку во нивната целина и меѓусебна поврзаност“, рече Лавров.

„Ваквиот светски поредок ќе ги изрази интересите на целото човештво, а не само на неколку земји од ‘златната милијарда’“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Фирми на Заеви и Ахмети вмешани во скандалот со пари од Фондот за иновации?

Следно

Познат се групите на завршниот ВТА турнир во Ријад

Latest from Blog

Ужалено семејство во шок: Во ковчегот бил друг човек, братучед на покојникот доживеал срцев удар

Роднината на Еспиноза, Лаура Леварио, изјави дека знаела дека нешто не е во ред штом влегла во капелата за последно збогување со нејзиниот братучед. Видела ковчег што не го нарачала, а потоа

Џорџ Клуни му се вратил на алкохолот- Амал му се заканува со развод: Децата се поважни од забавата

63-годишниот актер отворено зборувал за тоа како бил „скоро исто толку пијан како во средно училиште“ на неодамнешното доделување на наградите Тони, што предизвикало вистинска загриженост кај неговата сопруга. Неговата искреност, во

Повикале комуналци поради смрдеа од станот на сосетка, не биле подготвени за ужасот (ВИДЕО)

Изворот на непријатниот мирис, како што се покажало, се наоѓал во станот на нивна сосетка, но никој немал поим какво изненадување ги чека. Реагира и обвинителството Откако компанијата за комунални услуги влезе

„Нула“ на дуелот меѓу Пиза и Лацио

Во последниот натпревар од деветтото коло на италијанската Серија А, играчите на Пиза и Лацио ремизираа без голови. Лацијалите пристигнаа во Пиза по триумфот над Јувентус, сакаа да ги материјализираат тие три
Go toTop