Фирми на Заеви и Ахмети вмешани во скандалот со пари од Фондот за иновации?

October 30, 2024
2 mins read

Интернет потралот ПлусИнфо ги објави дел од имињата на фирмите за кои вчера директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) јавно обелодени дека околу 60 компании од различни дејности со фантомски проекти и на други незаконити начини испумпале 3,2 милиони евра од буџетот на Фондот.

Дел од објавените фирми се на кланот Заеви и роднини на лидерот на ДУИ Али Ахмети, внукот Дрин Ахмети.

Директорот Никола Додов соопшти детали од ревизијата која уште трае и нагласи дека веќе се наплатени околу 600.000 евра. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до Обвинителството и граѓански парници по кои понатаму ќе постапуваат надлежните судови.

Тече рокот од три дена за жалби кај нотарите и кај извршителите, по што ќе уследат кривични пријави.

Новиот директор не соопшти имиња на компании кај кои се утврдени неправилности, но иако нагласи дека внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи и во фирми поврзани со политички функционери.

Плусинфо ексклузивно дојде до имињата на фирмите во кои ревизијата на ФИТР утврдила неправилности.

Една од тие фирми е „Пауерад ИНТ“, со седиште во Глобал во Струмица. Таа е поврзана со „Еленица“ на Заеви. Во оваа фирма ревизијата утврдила злоупотреба на државни средства и измама. Не биле спроведени проектни активности. Фирмата 3 години немала поднесено завршна сметка во Централен регистар.

Со Зоран Заев е поврзана и фирмата „Медија лаб“ со седиште во струмички Глобал. Еден од основачите на фирмата е Зоран Заев, но тој истапил од неа. На оваа фирма не им се одобрени извештаите поради незавршување на активностите.

Тука е и фирмата „Еверест ЏД ДООЕЛ“ на добро познатиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. Еден од поголемите „гревови“ на Дрин Ахмети е тоа што префрлал средства на иста фирма во Косово.

Со внукот на Али Ахмети е поврзана и фирмата „Тхор Индустрис“, кај која е утврдено неизвршување на проект и затајување на извештаи.

Од позвучните имиња е „Дуна ДОО“. Своевремено имаше сомневања за поврзаност на фирмата со скандалот во ДИК во 2020 година за време на изборите и со хакерските напади на денот на изборите, но тие сомневања не се потврдија.

Покрај овие фирми, во фаза на извршување се и предметите за следните фирми:

„Тецуп Груп“ од Тетово. Со неа е раскинат договорот поради несоодветно менаџирање со средства од проектот. Купени се машини пред потпишување на договорот за финансирање.

„Лемакс-пак” од Струмица. Раскинат е договорот поради незавршување на активности и несоодветно менаџирање со проекти.

Друштво услуги и програмирање „МЕЛСТЕК СОЛУШНС ДООЕЛ“ увоз-извоз Битола од Битола. Раскинат е договорот поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности.

„АЗЗА ИННОВА“ од Скопје. Раскинат договор поради незавршени активности и некоректно трошење средства.

„Добри деца“ од Скопје. Непостапување по договор и неподнесување извештаи.

„Зафиров кетеринг” од Неготино. Утврдено е трошење на средства без покритие и неспроведување на активности според договорните обврски.

„Агор линк” од Велес. Утврдено е незавршување на проектот и трошење на државни средства без покритие.

„Проген 3 ДОО” од Скопје. Раскинат договор поради незавршени активности и поради некоректно трошење средства.

„МГТ Шпед Логистик“ од Штип. Утврдено е трошење на средствата без покритие и неспроведување на активности според договорните обврски.

„Био лаин“ од Кавадарци. Раскинат е договорот поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности.

„ЕТС-АЛМ“ од Скопје. Раскинат договор поради незавршување на активности и поради несоодветно менаџирање со проекти.

„Инспирион Солушнс“ од Скопје. Раскинат договор поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности.

Студио за убавина „Мираж“. Оваа фирма е отидена во стечај, но директно ќе се поведе кривична постапка за злоупотреба на државни средства и за измама на државни органи.

Фирмите од овој список ризикуваат да се соочат со пријави за кривичното дело Измама, додека управителите со пријави за кривичното дело Злоупотреба на службена должност Ревизијата во ФИТР утврдила дека не биле склучувани договори согласно со Законот за иновациска дејност. Во некои договори нотарите ставале извршни клаузули во нотарските акти, а во други не – во вториве само се наведува дека исправата има својство на јавна исправа и е подобна да претставува извршна исправа, без да се наведе извршната клаузула во нотарскиот акт.

За ова официјално ќе биде известена Нотарската комора. Потписници на најпроблематичните се проекти поранешните директори Јован Деспотовски и Коста Петров, кои би можеле да се соочат со кривични пријави за Несовесно работење. (ПлусИнфо)

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Турчин дал поткуп на Блаце, веднаш бил уапсен

Следно

Највисокиот руски дипломат Лавров вели дека напорите на Западот да се изолира Москва се зголемиле „десеткратно“

Latest from Blog

Килијан е ЧУДО: Мбапе го урна рекордот на Жиру, сега е блиску и до оној на Клосе!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Ѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го престигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Ова стана факт откако напаѓачот постигна два гола во натпреварот од првото коло

Нова експлозија на Блискиот Исток – Израел прави драматичен потег

Смотрих рече дека многу одговорности во поделениот град Хеброн на Западниот Брег и неговите свети места, вклучувајќи го и Гробот на патријарсите, или Авраамовото светилиште, повеќе нема да бидат под палестинската општинска

Македонската берза во минус: МБИ10 се намали за 0,10 отсто, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.06.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.718,13 поени. Во однос на

Полувреме во Њу Џерси: “Страшната“ Франција игра СТРАШНО здодевно

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Франција – Сенегал 0:0 по првото полувреме од меч од 1.коло во групата И на ова СП. Светскиот вицешампион и веројатно најголем фаворит за титулата просто разочара. Едноставно кажано “СТРАШНАТА“ Франција

Г7 врши притисок врз Путин: „Стопирај ја војната“

Г7 разгледува дополнителни санкции насочени кон приходите од енергија на Русија, кои се еден од главните извори на финансирање на воените напори, објави Франс 24, повикувајќи се на француски дипломатски извор. Лидерите,
Go toTop