Буџетот за 2025 година нема да донесе повисоки плати, само корекција на коефициенти

October 29, 2024
1 min read

Според најавите на Владата, следната година не се предвидува покачување на платите на функционерите. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека планираат корекција на коефициентите за платите што е за минимални 5 проценти, додека пак министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласи дека минималната плата може да се зголеми само доколку се зголеми продуктивноста. За останатите плати, истакна дека ќе се реализира раст во образованието и здравството согласно договорите.

-Едно е сигурно, покрај онаа работа дека сите еднаш ќе заминеме, следната година нема да има зголемување на платите на функционерите, рече Мицкоски.

Планирано беше платите на функционерите од јануари 2025 година повторно да се зголемат во согласност со растот на просечната годишна плата, која служи како основа за пресметување, и која се движи од околу 330 евра за највисоките функционери до околу 130 евра за најниските.

Синдикатот на Македонија вели дека на последниот состанок на Економско-социјалниот совет не е постигнат договор за раст на минималната плата. Тие тврдат дека платите ќе се зголемуваат само во согласност со Законот за минимална плата и колективните договори во образованието и здравството, и тоа за 5%.

-Владата нема политичка волја да ја зголеми минималната плата. На последниот состанок не беше предложен никаков план за подобрување на стандардот на граѓаните. Според законот, минималната плата треба да порасне во март, но тое не е зголемување туку порамнување и ќе биде само за 1.600 до 1.700 денари, што не е доволно да ги мотивира работниците на минимална плата, тврдат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Синдикатот не верува дека Владата ќе успее да ги намали платите на функционерите, особено по изјавата на министерката за финансии дека ќе поднесе оставка ако се намали нејзината плата.

Со минималната плата од 367 евра, Македонија и натаму е меѓу земјите со најниски минимални примања во Европа. Економските експерти укажуваат на бавната реализација на инфраструктурни и капитални проекти како главни причини за ова, како и на недостатокот од странски инвестиции.

Според економските анализи, растот на БДП може да се оствари само преку инвестиции. Без инвестиции, нема економски раст, што се потврдува во изминатите месеци. И покрај зголемувањето на минималната плата последниве години, таа сè уште останува ниска.

Минималната плата во соседните земји е значително повисока: во Црна Гора 450 евра, во Србија 423 евра, во Босна и Херцеговина 450 евра, во Хрватска 840 евра (бруто), Словенија 1.253 евра (бруто), а во Албанија 385 евра.

Податоците на Светската банка укажуваат на тоа дека во Македонија има илјадници луѓе кои живеат во сиромаштија. Според студијата, 2023 година завршила со 86.405 луѓе во екстремна сиромаштија и 519.452 во умерена сиромаштија. Поповолното сценарио предвидувало 70.084 екстремно сиромашни и 439.022 во умерена сиромаштија.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пратениците донесоа повеќе закони

Следно

Скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син бил малтретиран од соученици на екскурзија во Охрид

Latest from Blog

27 годишен маж од Ресен уапсен – возел без возачка дозвола и со 2.38 промили алкохол во крвта

На 18.05.2025 во 02.18 часот, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Д.К.(27) од с.Јанковец, ресенско. При сообраќајна контрола во с.Јанковец е сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки,

Седумдесет и пет години од раѓањето и 50 години од објавувањето на првата книга на Раде Силјан

Седумдесет и пет години од раѓањето и половина век од објавувањето на првата книга на еден од најзначајните современи македонски поети, Раде Силјан се чествуваат и во Србија. По повод значајните јубилеи,

Самитот во Тирана и напредокот на Албанија, Црна Гора и Молдавија се доказ дека Европа и тоа како ја интересира проширувањето

Дури и да се земе како точно дека и Северна Македонија, како и Албанија, заедно чекорат кон ЕУ, но нашата земја веќе две години гледа во грбот на Албанија и Црна Гора

Јубилеен 10-ти пат урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Урбаните моторџии денеска по 10-ти пат ќе продефилираат низ скопските улици во знак на борбата против ракот на простатата и подигањето на свеста за машкото здравје.  Облечени во стандардниот дрес код –
Go toTop