По 212 часа од земјотресите во Туркије спасена е 77-годишна жена во Адијаман

February 15, 2023
1 min read

АДИЈАМАН (АА) – Продолжуваат напорите за пребарување и спасување на преживеаните под уништените згради од земјотресите со интензитет од 7,7 и 7,6 степени, чии епицентри беа во турската област Кахраманмараш, опишани како „катастрофа на векот“, јавува Анадолу.

Екипите на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), на бродоградилиштето Ѓолчук и на жандармеријата, од под урнатините на седумкатница во градот Адијаман, жива ја извлекоа 77-годишната Фатма Ѓунѓор, 212 часа по катастрофалните земјотреси кои ја потресоа Туркије.

По извлекувањето, Ѓунѓор со возило на Итната помош е префрлена во болница.

Роднините на Ѓунѓор, кои чекаа околу урнатините, пресреќни од успешната акција, ги прегрнаа членовите на тимовите за пребарување и спасување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

СЕ ОТКАЖУВА ОФФ-ФЕСТ ПОРАДИ СКРАТЕНИТЕ ПАРИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

Следно

Поранешна директорка на градинка обвинета дека на децата им давала гуми за џвакање кои успиваат

Latest from Blog

СДСМ: Владината мерка за објавување цени на веб-страници е нефункционална и бесмислена

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја критикува владината мерка со која маркетите се задолжени да ги објавуваат цените на своите производи на веб-страници, оценувајќи ја како нефункционална и „целосно неупотреблива алатка“. „Откако

Почина Тоше Поп Симонов – долгогодишен музички автор и продуцент

Познатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов почина денеска, а зад себе остави плодна и значајна кариера во македонската и регионалната музичка сцена. Во текот на својата работа, Поп Симонов соработуваше

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОМПОЗИТОР И МУЗИЧКИ ПРОДУЦЕНТ ТОШЕ ПОП-СИМОНОВ

Тоше Поп-Симонов, еден од најзначајните композитори, продуценти и аранжери во современата македонска музика, почина на 63 години. Поп-Симонов ја почна својата музичка кариера во 1980-тите, при што беше еден од основачите и
Go toTop