Познатата македонистка Намита Субиото утре ќе одржи предавање за Ацо Шопов

October 20, 2024
1 min read

Истакнатата словенечка македонистка и славистка, еден од најголемите афирматори на македонскиот јазик, литература и култура во странство, професорката Намита Субиото од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана ќе гостува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Утре, со почеток во 13 часот, на Факултетот ќе одржи предавање на тема: : „Ацо Шопов во контекст на македонско-словенечките книжевни и културни врски во XX век и денес“.

Со македонската јавност ќе бидат споделени и дел од согледбите и заклучоците од најновите истражувања на совенечката книжевна македонистика. Минатата година, професорката Субиото иницираше и оствари темелно истражување за рецепцијата на творештвото на Шопов во Словенија што резултираше со откривање и на непознати или помалку познати и неафирмирани факти што се значајни за македонско-словенечките книжевни и културни врски, но и за вреднувањето на македонските книжевни и воопшто културни вредности во словенечката културна средина. Како резултат на истражувањето, веќе се случија значајни објави во Словенија, вклучително и нови преведувачки потфати, а ова е прво нејзино предавање во коешто пред македонската стручна јавност овие согледби и информации ќе бидат и интегрално презентирани.

Воедно, во рамките на настанот, за првпат пред македонската јавност ќе биде претставенa и книгата „Златен круг на времето“ – избор од поезијата на Шопов на македонски и во препев на словенечки јазик што неодамна беше објавен во Словенија. Претставувањето н книгата ќе биде преку разговор што со Субиото ќе го води проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска како темелен познавач и истражувач на современата македонска поезија. Инаку, ова обемно издание што воспоставува дијалог помеѓу поезијата на Шопов и уметничките дела на академскиот сликар Боге Димовски е прв избор од поезијата на македонски класик објавен во странство во ваков формат, којшто ги обединува сите препејувачи, односно преведувачи што во децениите наназад се имаат посветено на пренесување на моќта на македонската поетска реч во кодот на својот мајчин јазик. Пред неполн месец се случија и првите промоции на изданието во Словенија.

Професорката Субиото, покрај со големиот број истражувања и со остварувањата во рамките на Филозофскиот факултет во Љубљана, каде што е раководителка на Катедрата за македонски јазик и литература, а до неодамна го водеше и Одделот за славистика, остварува голем придонес за афирмација на македонската книжевност и како книжевен преведувач. Последниве неколку години, во нејзин превод или под нејзина редакција и како резултат на нејзина иницијатива, во Словенија се случија повеќе значајни изданија од и за современи македонски автори, а изданието со Шопов е најново во големата низа постигнувања.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уште четири дена работела зоолошката откако угинала гуската од птичји грип

Следно

Христовски: Законот не е прекршен, се отчленив од ВМРО-ДПМНЕ – „приоритет ќе биде секој вработен да помине полиграф“

Latest from Blog

Премиерот Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во Општина Кисела Вода

Ве известуваме дека утре 25.11.2024 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка

Партиската програма на СДСМ, ново лидерство во регионот

Претставувајќи ја новата програма на партијата, на 30. партиски Конгрес, лидерот на СДСМ Венко Филипче, рече дека таа ќе биде темелот за идната социјалдемократска платформа, бидејќи има јасна визија за солидарно, праведно,

Крвав младешки пир во Книн однесе во смрт 25 годишно момче, а четворица рани потешко

Едно лице загина, а уште четворица други се тешко повредени откако експлодираше бомба во хрватскиот град Книн. Несреќата се случила додека десетина млади биле на забава а според првичната истрага на хрватската

Трибина за растечкото насилство врз млади жени и девојки

Во пресрет на утрешниот, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска одржа централен настан „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко
Go toTop