„Порше Кајен“ управуван од млада девојка, доцна вечерва излета од патот кај скопската населба Визбегово. Сообраќајна несреќа се случи на улицата „Качанички пат“ во правец од Скопје кон скопската обиколница.
На местото на несреќата можеше да се забележи автомобил кој е видно оштетен, а од ударот од возилото урнат беше и еден од знаците кои го покажува правецот до локалните ресторани. Според очевидци на настанот девојката која управувала со возилото поминала без повреди.
Повеќе информации во утрешните билтени на Министерството за внатрешни работи
ИЗВОР: skopjeinfo.mk