Суспендирани двајца лекари специјалисти на Детска клиника

October 18, 2024
1 min read

Суспендирани се двајца лекари специјалисти од Клиниката за детски болести кои биле дежурни на 3 октомври и извршиле преглед на 14-месечното бебе кое почина два дена подоцна од бронхопневмонија. Тие се отстранети од работните места додека за нив се води дисциплинска постапка.

„В.Д директорот на Универзитетска клиника за детски болести донесе одлука за формирање на Комисија за водење на дисциплинска постапка и поднесе пријава за утврдување на дисциплинска одговорност за двајца доктори специјалисти кои биле дежурни и извршиле преглед на малото дете на ден 03.10.2024 година. Истовремено директорот донесе Решение за времено отстранување на двајцата доктори специјалисти за кои се води дисциплинска постапка“, информираат од ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Надал: Подготвен сум за крај на кариерата

Следно

Гаши од Берлин: Подготвени сме веднаш да ги вметнеме Бугарите во Уставот, со гаранции дека ќе нема нови условувања

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop