Како фудбалерот го поминува времето со своите синови? Обожавателите на Шакира го КРИТИКУВАА ПИКЕ заради овој потег!

February 14, 2023
1 min read

Бурата која се крена во медиумите околу познатата колумбиска пејачка Шакира и нејзиниот поранешен партнер Пике Жерар не стивнува со месеци.

Сите погледи на јавноста се вперени во нив двајца, а се чини дека животот му се превртел наопаку, а на проблемите не им се гледа крајот.

Имено, на интернет неодамна се појави видео на кое се гледа како Пике ги вози своите синови Милан и Саша до куќата во која живеат момчињата со нивната мајка Шакира.

Како што можете да видите на видеото, тој ги остава децата пред куќата на екстремно лошо време, додека надвор врне. Пике седи во својот автомобил, не му е гајле што дождот врне, дозволувајќи им на децата сами да го носат претешкиот куфер од багажникот на неговиот автомобил.

Дури и кога децата со многу труд го влечеле тешкиот куфер, на видеото се гледа како автомобилот на Пике заминува со ширум отворено багажникот на возилото.

Фановите на Шакира ја искористија оваа прилика да го критикуваат на Твитер. Го нарекоа неодговорен татко, кој наместо да излегува надвор, да им помага на децата и да се збогува со нив како родителите, тој се грижи случајно да не се намокри.

– Колку страшен татко, не им помага со куферите, ниту пак со љубов се збогува со нив, а кутриот Милан едвај се снашол со куферот – коментирал еден корисник на видеото.

Коментарите не завршуваат тука.

-Каков татко полн со љубов… она што децата го сакаат е наскоро да ја видат својата мајка – на видеото со саркастичен тон реагирал друг корисник.

А имаше и такви кои се чудеа како може Шакира да биде со таков човек толку години.

– Сè уште ме збунува тоа што Шакира потроши 12 години за овој човек, оној кој ги остави децата сами, а едно од нив се мачи да носи тешка торба – додал друг.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нивото на водата во Охридското Езеро е 22 сантиметри под просекот

Следно

Туркије: Уште една жена спасена од урнатините 204 часа по земјотресот

Latest from Blog

ТРАГЕДИЈА: Три лица загинаа вечерва кај Кичево, други итно се префрлаат на скопските клиники

Вечерва на патот Кичево-Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол се случила тешка сообраќајна несреќа во која како што информира портпаролот на СВР Охрид загинале три лица. -Во 20.55 часот е пријавено

Младинците на Еурофарм Пелистер се пласираа на фајнлфорот во Лигата на шампиони

Историски успех остварија вечерва ракометарите на Еурофарм Пелистер во младинска конкуренција, обезбедувајќи пласман на завршниот турнир во Лигата на шампиони. До пласманот на јунскиот фајналфор младинците на Еурофарм Пелистер дојдоа со победа

ФОТО: Автомобил целосно изгоре во струмичко Банско 

Од Територијалана противпожарна единица од Струмица информираат дека попладнево во 17:50 часот изгоре автомобил во селото Банско кај Струмица. Според информациите, запалениот автомобил го гаснеле четворица пожарникари со едно противпожарно возило. -Во

До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците

Трговците од денеска имаат обврска на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите. Цените треба да бидат објавени на нивните веб страници во посебен дел и да се ажурираат секој

На „Табановце“ за влез и излез се чека до 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно сувиколовози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Дојран и Богородица време на чекање за
Go toTop