МСУ ЈА ИЗЛОЖИ ШПАНСКАТА КОЛЕКЦИЈА ДОНИРАНА ПО СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС

October 15, 2024
1 min read

Изложбата „Откривања: Дела од шпанската колекција на МСУ – Скопје“ од денеска е отворена во Музејот на современа уметност (МСУ). Куратори на поставката, која ќе трае до 3 ноември, се: Владимир Јанчевски, Благоја Варошанец и Ива Димовски. Исто така, дел од тимот на МСУ кои работеа на изложбата и на каталогот се и Јулија Манојлоска, Јадранка Милчовска, Љупчо Иљовски и Нада Прља.

Според кураторите изложбата „Откривања“ претставува избор од слики, графики, фотографии, таписерии и мозаик, создавани во период од 1937 па сѐ до 2006, од повеќе генерации шпански уметници кои живееле и создавале во Шпанија, но и надвор од неа.

Претставени се вкупно 39 дела на 26 уметници, вклучувајќи 27 дела од 19 уметници од Шпанската колекција на МСУ-Скопје (Р. Каногар, М. Милјарес, Лиза Рехштеинер, Луис Ортега, Жерар Ломен, Хозе Луис Галиција, итн), како и 6 дела од 4 уметници со шпанско потекло или родени во Шпанија (Изабел Понс, Х.Рабаскал). Исто така, како надополнување,во изложбата се претставени и 6 дела од 3 уметници инспирирани од Шпанија (Албер Сулилу од Франција; Бруно Талпо од Италија и Иво Вељанов од Македонија).

„Изложбата ја надополнува и изборот на документи, каталози и фотографии од архивата на МСУ-Скопје, кои го осветлуваат контекстот во кој се создавала колекцијата на МСУ и го регистрира шпанскиот придонес во неа“, велат кураторите.

Со оваа изложба се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Шпанија и Македонија. Изложбата е резултат на соработката на МСУ – Скопје и Амбасадата на Шпанија во Р.С. Македонија и претставува дел од одбележувањето на 12 Октомври – Националниот ден на Шпанија.

„По скопскиот земјотрес во 1963 и основањето на МСУ-Скопје во 1964, се забележува придонесот и на шпанските уметници, што преку директните контакти, низ годините резултирал со една забележителна збирка донации. Таа била и дополнително проширувана, а уметници од Шпанија се вклучени и во некои од современите изложби“, велат од МСУ.

Според кураторите, досега Шпанската колекција не е посебно претставена, и со ова се прави првиот пообемен издвоен преглед, преку изложба и издавање на публикација што ги опфаќа авторите од шпанската колекција, како и авторите со шпанско потекло. Во последниве 30 години, некои од уметничките дела се за првпат изложени пред јавноста.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николовски: Секое работно место во Царинската управа ќе биде заслужено со „неработење“

Следно

Јаневска: За четири години сите државни студентски домови ќе станат модерни и енергетски ефикасни

Latest from Blog

Министерство за финансии: Нови 2,9 милиони евра за поддршка на инвестициите во домашните компании

12 август 2026, Скопје – Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во

Халанд не може да биде капитен на Сити зошто постигнува премногу голови!

ФОТО: Manchester City/FB Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД – Иран наидоа на нов ќорсокак

Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за

Вечер за паметење во Битола: Музика, танц и емоции за 35 години независност на Македонија

Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија. Спектакуларно и претесно беше

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов
Go toTop