Ердоган: „Ќе ја продолжиме соработка со земјите од балканската географија“

October 14, 2024
4 mins read

АНКАРА (АА) – Изјава за медиумите даде претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, по состанокот на Кабинетот во Претседателскиот комплекс во Анкара со кој претседаваше тој лично, известува Анадолу.

Во обраќањето до нацијата по состанокот на Кабинетот во Претседателскиот комплекс, Ердоган истакна дека ги забрзале контактите со странство за да ја трансформираат Туркије и нејзината околина во остров на мирот и стабилноста во период во кој владее нестабилност.

Посочувајќи дека тензиите во балканската географија неодамна почнале да ескалираат, Ердоган рече дека неговите посети на Албанија и Србија на 10-11 октомври содржеле многу важни пораки во таа насока.

– „Ќе ја продолжиме нашата соработка со другите земји од балканската географија“

Ердоган нагласи дека дополнително ги подобриле билатералните односи со двете земји потпишувајќи вкупно 15 договори и додаде:

„За време на посетата се сретнавме со голем број различни групи, почнувајќи од нашиот деловен свет, па до братските заедници од регионот.

Ми претставуваше особено задоволство да ја отворам џамијата Намазгах, најголемата џамија на Балканот, чии темели ги поставивме во 2015. Со својата прекрасна архитектура, нејзината централна локација во срцето на Тирана, нејзиниот капацитет за вкупно 8.000 луѓе и нејзините други карактеристики, џамијата Намазгах стана гордо и инспиративно дело, во секој поглед. Уште еднаш им се заблагодарувам на господинот Еди Рама и на сите оние кои дадоа свој придонес во отворањето на нашата џамија, од архитектот до инженерот.“

Наведувајќи дека наскоро ќе ги видат позитивните ефекти од многу продуктивните средби со српскиот претседател Александар Вучиќ во многу области, Ердоган истакна:

„Би сакал да изразам благодарност до двајцата мои пријатели за гостопримството што го укажаа кон нас и нашата делегација. Во ток контекс ќе ја продолжиме нашата соработка и со другите земји од балканската географија.“

– „Последните напади покажаа дека нашата загриженост беше оправдана“

Потсетувајќи дека со јавноста ги споделија безбедносните предизвици со кои Туркије се соочува на отворањето на новата законодавна година, Ердоган продолжи со зборовите:

„Огнот што беше запален со израелскиот напад врз Газа се шири низ целиот регион од страна на актуелната израелска влада, која дејствува со религиозен фанатизам. Уште од првиот ден по 7 октомври, често истакнувавме дека прашање не е ниту Газа ниту Хамас, туку дека вистинската намера е продолжување со окупациската политика.

Рековме дека Израел нема да застане во Газа и дека своите погледи ќе ги насочи кон другите земји од регионот. Поради овие предупредувања на кои укажавме, бевме изложени на неоправдани критики од страна на некои наши пријатели и одредени кругови во нашата земја.

Некои нѐ обвинуваа дека гатаме и дека ја преувеличуваме кризата. Имаше и такви кои нѐ обвинуваа дека надворешната политика ја користиме како алатка за внатрешната политика. Сепак, последните напади што ги започна Израел врз Либан уште еднаш покажаа колку е оправдана нашата загриженост.“

– „Израел нема да се задоволи само со инвазијата на Либан“

Посочувајќи дека изјавите што доаѓаат од кабинетот на Нетанјаху јасно укажуваат дека Израел нема да се задоволат само со инвазијата на Либан, Ердоган продолжи со зборовите:

„Фактот што израелската администрација стана така арогантна што ги нападна и им се заканува и на привремените мировни сили на Обединетите нации во Либан, е доволно за да се докаже сериозноста на ова прашање и за оние чии врати за разбирање сѐ уште се отворени.

Ова морам да го кажам и тука. Сликата за Обединетите нации кои не можат да го заштитат ни сопствениот персонал е срамна и загрижувачка за меѓународниот систем. Искрено, и ние се прашуваме што чека Советот за безбедност за да го запре Израел. Можете ли да замислите?

Израелски тенкови влегуваат во зоната на УНИФИЛ, ги напаѓаат војниците на мировните сили, па дури и повредуваат некои од нив. Меѓутоа, Советот за безбедност на Обединетите нации само го следи целиот овој вандализам од трибините. Ова се нарекува немоќ. Тоа значи предавање пред израелската агресија. Затоа со години велиме ‘Светот е поголем од 5’. Отсега ќе продолжиме гласно да ја кажуваме вистината за да ја промениме оваа нефер ситуација.“

– „Израелската влада следејќи ги ционистичките амбиции нема да ги прекине своите напади“

Нагласувајќи дека израелската влада, која ги следи ционистичките амбиции, нема да ги прекине своите напади сѐ додека добива безрезервна поддршка од Америка и Европа, Ердоган истакна:

„Нашите министри за надворешни работи и за одбрана на затворената седница на Собранието објаснија која е целта, намерата и главниот план. И покрај бруталноста по 7 октомври, знаеме дека што ѝ да правиме, не можеме да ги натераме да прифатат некои факти оние кои замижуваат пред заканата.

Не заборавивме и дека оние кои денес дејствуваат како гласноговорници на Израел, во минатото истите реченици ги користеа за сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација. Тоа се истите тие кои најмногу реагираа на нашите операции на северот на Сирија и Ирак кои имаа за цел елиминирање на терористичката закана. Се разбира, воопшто не е чудно тоа што токму истите групи се обидуваат да ја минираат нашата борба против предавничката бандата ФЕТО.

Видете, прашањето тука никогаш не бил изворот на заканата, туку фактот дека способноста за перцепција е целосно затворена. Тие живеат во таков свет од соништата што се исклучени и од реалноста на Туркије и не се способни да го следат нашиот регион и светот. Наместо да ги гледаме случувањата од перспектива ориентирана кон Туркије, тие не можат да се спасат од болеста во која за нив западот е во центарот.

Повторувам, нашите министри за одбрана и за надворешни работи многу јасно ја претставија сликата пред нас. И покрај сите овие факти, оние што прават полемики по прашањата за безбедноста на земјата и нацијата, им ги препуштам на нашиот народ. Ние ги преземаме и ќе ги преземеме сите неопходни мерки на претпазливост без разлика на нив.

Свесни сме дека колку е поголема нашата застрашувачка моќ како земја, толку е поголема нашата способност да се заштитиме од пожарот во регионот. Решени сме безбедно да ја извлечеме Туркије од оваа бурна криза што го опустоши целиот наш регион.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ѓорѓиевски: Јас како градоначалник сум прв за ограничување на моќта на градоначалниците!

Следно

Ужас го вознемири Балканот: 14-годишно дете си ја убило својата мајка

Latest from Blog

„One stop“ и на граничниот премин „Табановце“ – Дачиќ скептик за технологијата, Тошковски уверен: Ќе го намали чекањето

Едниот пристигна со хеликоптер од Белград, другиот со полициска придружба од Скопје. Средбата се одржа на најфреквентната точка од Коридорот 10. Додека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот српски колега

Јовева со остри критики пред гласањето за извештајот за Северна Македонија во Европскиот парламент: „Јас ја бирам страната каде што идентитетот и јазикот се оставени на мир“

Европратеничката Ирена Јовева денеска преку Инстаграм испрати јасна порака по повод претстојното гласање за извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, закажано за следната недела на пленарната седница во Европскиот

Крушево се соочува со голема миграција

Миграциите се повеќе ги празнат малите места низ државава. Таков е примерот и со славно Крушево градот на македонската револуционерна борба кој од година во година има се помалку жители. Младите масовно

Русија изрази претпазлив оптимизам во однос на крајот на 12-дневната војна меѓу Иран и Израел

МОСКВА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изрази олеснување и претпазлив оптимизам поради завршувањето на 12-дневната војна меѓу Иран и Израел, истовремено нагласувајќи дека загриженоста на Москва мора да

СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ПРЕДВИДЕНИ УШТЕ 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ И 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СУБВЕНЦИИ И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ, РЕЧЕ ЉУТКОВ

Со ребалансот на Буџетот е предвидено Агенцијата за филм да добие дополнителни 145 милиони денари (2,3 милиони евра), а уште 155 милиони денари (2,5 милиони евра) се предвидени за субвенции и поддршка
Go toTop