Системот потфрли во случајот со четиринаесет месечното бебе кое почина на Детската клиника

October 14, 2024
1 min read

Системот потфрли во случајот со четиринаесет месечното бебе кое почина на Детската клиника. Комисијата за стручен надзор, која ја иницираше министерот за здравство утврди системски, технички, но и стручни недостатоци во третманот на детето.

Според извештајот на комисијата, детската клиника направила превид кога детето било однесено по втор пат на преглед и не било задржано на болничко лекување.

„Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10 годинава“… – рече Арбен Таравари министер за здравство.

Во клиниката Козле пак била направена ненавремена проценка за тежината на состојбата во која се наоѓало бебето. Исто така утврдено е дека во Козле немало ниту соодветната апаратура за пружање респираторна поддршка. Потфрлил и системот за транспорт на итни пациенти.

„Овдека стануваше збор дека и да го немале и едниот и другиот тип на механичка поддршка дали наверемено е направена проценката според тежината на респираторните потешкотии и детето е прерпратено на клиниката за детски болести од друга страна затајува системот за транспорт, бидејќи тој не функционира за време на вечерните саати или за 24 часовно дежурство“. – вели д-р Елизабета Петковска од Комисијата за стручен надзор.

„Токму оттука произлегуваат и нашите препораки за системските решенија односно клиничката болница Козле да се снабди со апаратура за неинвазивна и инвазивна вентилација која што е од животоспасувачко значење за децата“… – вели д-р Орхидеја Стомнароска од Комисијата за стручен надзор.

Во случајот со 31 годишната родилка пак не се утврдени пропусти.

„Не се утврдени суштински пропусти ниту кај гинеколошкиот тим во тек на перипарталниот третман на пациентката односно констатирано е дека тимот постапувал согласно упатствата“…. – рече Таравари.

Извештајот за бебето во кој се утврдени пропустите ќе бидат испратени и до Детската клиника и до Козле, но и во Лекарската комора која понатаму ќе одлучува какви мерки ќе се преземат.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Давид Алаба ќе објави крај на кариерата?

Следно

Додик: БиХ нема да го признае влезот на Албанците од Косово со лични карти

Latest from Blog

Проданоски: „Градот во мене“ е уште една убава приказна за Прилеп раскажана преку уметноста

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва присуствуваше на отворањето на изложбата „Градот во мене“ на прилепскиот академски уметник Александар Џинго, поставена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“. Во своите најнови дела,

Божиновска: Енергетската заедница го потврди напредокот на Македонија во обновливата енергија

Раст на обновливите извори во електроенергетскиот сектор и поволна траекторија кај финалната потрошувачка, со јасно дефинирани мерки за декарбонизација во ажурираниот НПЕК 2025–2030 Последната оценка на Секретаријатот на Енергетската заедница покажува силен

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските
Go toTop