Лажните интернет-продавници измамуваат еден од осум купувачи во Германија

November 6, 2025
1 min read

Речиси еден од осум онлајн-купувачи во Германија бил измамен од лажни виртуелни продажни понуди последните две години, покажува ново истражување. Анкетата ја спроведе институтот за анкети „Форса“ во име на германските потрошувачи, пренеува ДПА.

Измамничките веб-страници имитираат легитимни интернет-продавници, т.е. примаат уплата на пари – но купената стока никогаш не пристигнува. Следствено, застапниците на потрошувачите велат дека големите интернет-платформи како што се „Гугл“ и „Мета“ мора да сторат повеќе за да ги заштитат корисниците. Околу половина од лажните продавници забележани и испитани од тамошниот сојуз на потрошувачите имале реклами на овие платформи.

– Компаниите што заработуваат пари од рекламирање, не можат да избегнат одговорност, изјави претседателката на сојузот, Рамона Поп.

Се очекува поделотворна заштита на потрошувачите да биде дискутирана денеска, на Конференцијата за Денот на германскиот потрошувач во Берлин. Репрезентативната анкета беше спроведена меѓу 1. и 12 септември, меѓу 1.503 лица на возраст од 14 години и повеќе и има статистичка маргина на грешка од три процентни поени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таневски: Следна станица – Вашингтон!

Следно

Се судрија училишен автобус и автомобил во Торино – едно лице загина, 20 ученици повредени

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop