Реформската агенда за Планот за раст на Северна Македонија е одобрена во Брисел

October 12, 2024
2 mins read

Реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија се одобрени во рамките на новиот фонд за реформи и раст од 6 милијарди евра, тукушто е објавено на платфрормата Х на Унгарското претседавање со Европскиот Совет.

Ова го отвора патот за предфинансирање да започне за време на унгарското претседателство. Поддршката за интеграцијата на Западен Балкан останува клучен приоритет на #HU24EU, пишува во објавата.

Како што е веќе објавено, претседателката на Европската комисија за две недели треба да допатува во регионот за да ги испорача ветувањата за парите предвидени со Планот за раст.

Во однос на Северна Македонија фон дер Лајен ќе ги испорача и условите и очекувањата на ЕУ за сериозни и суштински реформи од новата Влада за кои до сега нема никаква трага, како и брзо изгласување и спроведување на уставните измени така како што е наведено во усвоената преговарачка рамка прифатена од сите држави членки на ЕУ.

Инаку, Реформската агенда за Планот за раст Советот на ЕУ, како последна инстанца, на 7 мај ја одобри Регулативата за формирање на Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, по што беше објавена во Службениот весник на Унијата.

Медиумскита записи сведочат дека на 18 април, Секретаријатот за европски прашања и Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС) која беше консултант во процесот, одржаа брифинг за новинарите на кој информираа за завршениот процес на подготовка на Реформската агенда на Северна Македонија како услов за активирање наинструментот на Планот за раст, што за целиот Западен Балкан изнесува 6 милијарди евра, ќе се реализира во периодот од 2024 до 2027.

На брифингот беше соопштено дека два дена претходно, односно на 16 април, Владата на ја усвоила Нацрт реформската агенда 2024-2027 во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан. Ажурираната Нацрт реформска агенда била споделена со Европската комисија со цел усогласување на листата реформски приоритети и мерки, со конкретни рокови предложени од македонска страна.

Од СЕП и од УНОПС беше речено дека усогласувањето на Нацрт реформската агенда меѓу Северна Македонија и ЕУ ќе продолжи и во наредниот период и дека финалната верзија на Реформската агенда ќе биде усвоена најдоцна до средината на мај 2024. По утврдувањето на финалната верзија на Реформската агенда и усвојувањето од ЕК ќе се отвори можноста за потпишување на договорите за инструментот за реформи и раст и за заем и со тоа поднесување Барање за повлекување на првата транша, односно за авансот во висина од 7 проценти од алокацијата за нашата држава, од вкупно 850 милиони евра.

Сето ова појаснување беше неопходно да се истакне дека не е точно тврдењето на Мицкоски дека „за две недели, министерството за европски прашања, заедно со МНР, заедно со Сања Божиновска, Александар Николоски, Гордана Димитриевска Кочовска, Стефан Андоновски итн, го завршија нашето досие, коешто претходната влада, претходната година не го направила“.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мисајловски и Тошковски на показна алпинистичка вежба на припадниците на Баталјонот на специјални сили и Единицата за брзо распоредување

Следно

Богата програма на годинешната „Недела на италијанскиот јазик во светот“

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop