Ердоган: Спасувачите од урнатините извлекоа над 8.000 преживеани

February 14, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије им е благодарна на сите земји за помошта што ја дадоа во акциите за пребарување и спасување и за напорите преземени по разорните земјотреси, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Ердоган во видеопорака по повод Светскиот владин самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, рече дека спасувачките тимови досега извлекле повеќе од 8.000 живи луѓе од урнатините на зградите по земјотресот што во понеделникот минатата недела ја погоди јужна Туркије.

Тој додаде дека голем број од над 81.000 повредени во земјотресите веќе се отпуштени од болниците.

„Би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на сите пријателски и братски земји кои деноноќно собираат помош за нашиот народ и ги поддржуваат нашите напори за потрага и спасување со своите тимови и мислат на нас во нивните молитви“, рече Ердоган.

Тој истакна дека Туркије се соочува со една од најголемите природни катастрофи не само во својата историја, туку и во историјата на човештвото.

Нагласи дека Туркије никогаш нема да го заборави пријателството на другите држави во овие тешки денови. Ердоган истакна дека оваа катастрофа „уште еднаш ја покажа важноста на меѓународната солидарност“.

Тој потсети дека Република Туркије добила пораки за поддршка и сочувство од над 100 земји.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во областа Кахраманмараш, а голем број спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Над 31.900 луѓе загинаа во Туркије, а повеќе од 80.000 се повредени.

Земјотресите исто така погодија и неколку други земји и предизвикаа големи разурнувања во северна Сирија, каде што бројот на загинати надмина 3.680.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Украинците вежбаат на „леопард 2“

Следно

Герасимовски: Почнуваме со реконструкција на улицата „Ленинова“

Latest from Blog

Начевски: Рударството денес не е исто како порано – Иловица е пример за проект со подобрени еколошки решенија

Современите технологии овозможуваат рударството да се развива со далеку повисоки еколошки стандарди отколку во минатото, смета професорот Горан Начевски. Во своето гостување на Сител ТВ, претседателот на Здружението на металурзи истакна дека

Си-Ен-Ен: ИРАН ЈА ПРОНАЈДЕ СЛАБАТА ТОЧКА НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА! Загрозени милијарди долари

Иранската стратегија да ѝ се спротивстави на воената моќ на САД и нивните сојузници преку нанесување економска штета откри чувствителна точка на глобалната економија, центрите за податоци за вештачка интелигенција, пишува CNN.

Метеж на границите: На „Табановце“ за влез се чека 30 минути, на „Богородица“ за излез околу еден час

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања
Go toTop