Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска оствари средба со претставникот на УНДП во Македонија Армен Григоријан на која, покрај состојбите и последиците од раздорниот земјотрес во Турција и Сирија и активностите на поддршка и солидарнодт од страна на Градот Скопје, се разговарало и за 60-годишнината од разорниот земјотрес кој го зафати Скопје.
– Се договоривме со меѓуинституционална соработка да организираме заеднички активности по повод одбележување на 60-годишнината од земјотресот во Скопје. Разговаравме и за актуелни теми и предизвици со кои се соочува градот Скопје, за што договоривме заеднички проекти и решенија, информираа од Град Скопје.
ИЗВОР: skopjeinfo.mk