Бројот на загинати во земјотресите во Сирија порасна на 3.688

February 14, 2023
1 min read

АФРИН/АНКАРА (АА) – Најмалку 3.688 луѓе загинаа, а 14.749 се повредени во Сирија во серијата силни земјотреси со епицентар на југот на Туркије кои минатиот понеделник го потресоа поширокиот регион, јавува Анадолу.

Во Сирија продолжува потрагата по преживеани и отстранувањето на урнатините во покраините Идлиб, Алепо, Хама, Латакија и Тартус.

Според податоците на Сириската мрежа за човекови права (SNHR), најмалку 2.274 луѓе загинале во Идлиб и во зоните на операцијата „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ во северна Сирија, а повеќе од 12.400 луѓе се повредени.

Многу згради се уништени или оштетени во подрачјата под контрола на опозицијата на северот на Сирија.

Новинската агенција САНА објави дека во земјотресот во регионите под контрола на режимот во покраините Алепо, Латакија, Хама и Тартус загинале 1.414 луѓе, а 2.349 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Чавушоглу: „Израел е една од првите земји што испрати поддршка за Туркије по земјотресот“

Следно

Арсовска се сретна со Григоријан од УНДП: Ќе се одбележува 60-годишнината од земјотресот во Скопје

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop