Менталното здравје на работното место – годинава тема на одбележувањето на Светскиот ден

October 10, 2024
1 min read

Универзитетската клиника за психијатрија денеска на плоштадот „Македонија“ ќе го одбележи Светскиот ден на менталното здравје, годинава на тема „Време е да се приоритизира менталното здравје на работното место”. На настанот чија цел е да се подигне свеста за важноста на менталното здравје ќе присуствува и министерот за здравство Арбен Таравари.

– Придружувајќи се кон оваа глобална иницијатива, преку јавен собир имаме за цел да ја подигнеме јавната свесност за важноста од грижа за менталното здравје, а со особен осврт на поврзаноста со факторите од работната средина како место каде поминуваме огромен дел од нашиот живот и е тесно поврзана со сите аспекти на нашето живеење и целокупна благосостојба, соопшти Клиниката.

Посочува дека темелите на кои се гради индивидуалната и колективна продуктивност и чувството на исполнетост на работа се основните права и услови кои секој работник треба да ги ужива: безбедни услови за работа; хармонични меѓучовечки релации; тимско работење базирано на поддршка и помош; јасна распределба на обврските; адекватен финансиски надомест; уживање на почит, уваженост и еднаквост; работење во пропишани временски рамки; време за одмор, грижа за себе и баланс помеѓу професионалниот и приватен живот.

– За жал, неретко сме сведоци или носители на товарот на прекумернo работно оптоварување, нејасни работни очекувања, несоодветна парична компензација на работата, работење во небезбедни и штетни по здравјето услови, мобинг и нарушени меѓучовечки односи, недостаток на социјална поддршка на работа. Токму овие фактори на ризик се значајно асоцирани со нарушувања на менталното здравје манифестирани често преку синдромот на професионално согорување (burn out), како „состојба на витална исцрпеност” карактеризирана со замор, загуба на мотивација и енергија, негативен поглед кон работата, цинизам, намалена работна ефикасност, социјално повлекување и телесни симптоми, истакнуваат од Клиниката за психијатрија.

Организаторот на одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје укажува и дека преку создавање поддржувачки средини и адресирање на потребите за менталното здравје на вработените, компаниите и институциите не само што ја подобруваат личната благосостојба на работникот, туку ја зголемуваат и продуктивноста, иновациите и успехот организацијата и општеството.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчки фудбалски репрезентативец пронајден мртов

Следно

Најмалку двајца загинати во ураганот „Милтон“ на Флорида, два милиони луѓе без струја

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop