ДУИ: Укинувањето на балансерот е удар врз Уставот, врз Охридскиот договор и врз мултиетничката стабилност

October 9, 2024
1 min read

Демократската унија за интеграции, вечерва пред Уставниот суд, заедно со стотина симпатизери на партијата, одржа вонредна прес-конференција, по денешната  одлука на Уставен за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции. 

Според портпаролот на ДУИ, Арбр Адеми, ваквата одлука претставува директен напад врз основните права на заедниците во земјава, и како што рече, ќе има сериозни последици за праведното и еднаквото функционирање на институциите.

– Собрани сме за да ја осудиме шокантната одлука на Уставниот суд за забрана на декларирањето на етничка припадност. Оваа одлука претставува директен напад врз основните права на заедниците во Република Северна Македонија и ќе има сериозни последици за праведното и еднаквото функционирање на нашите институции, рече Адеми.

Нагласи дека одлуката е тежок удар врз мултиетничката стабилност на државатa, истакнувајќи дека „денес повеќе од било кога се соочуваме со сериозна криза на соживотот и на правото на еднакви можности“.

– Оваа одлука е тежок удар врз Уставот, врз Охридскиот мировен договор и врз мултиетничката стабилност на нашата држава, бидејќи институциите досега го отсликуваа нашиот заеднички ралитет и тоа беше темел на соживотот и комуникацијата меѓу заедниците. Денес повеќе од кога било се соочуваме со сериозна криза на соживотот на правото на еднакви можности. Ова е чекор назад за нашата земја, чекор што ја загрозува иднината на мултиетничката стабилност и хармонијата што ја имаме изградено. Ги повикуваме сите надлежни институции и меѓународната заедница веднаш да реагираат за да ги заштитат правата загарнтирани со Устав и закон и да обезбедат дека еднаквата застапеност ќе биде непроменета, нагласи Адеми.

Вели дека декларирањето на етничката припадност е неотуѓиво право и неопходен елемент за обезбедување праведна застапеност на сите заедници. Според него, преку ваквата одлука на Уставен се напаѓа принципот на еднаквост..

– Одлуката има широки и длабоки последици, вклучувајќи и елиминацијата на можноста и јавните институции да ја отсликуваат мултиетничката структура на нашата држава, а механизмот на балансер, кој овозможи вклучување на различни заедници во вработувањето и нивна застапеност, сега тој механизам со оваа одлука се укина, со што се уништуваат сите досегашни напори за изградба на праведно интегрирано општество. Без ова декларирање, етничките заедници ќе останат невидливи во нашиве институции, враќајќи нѐ назад во времето кога нивната застапеност беше маргинализирана, посочи Адеми.

Оваа одлука, додаде, не е само правен акт, туку „чекор што означува црн ден за историјата на оваа земја“ и нагласи дека Демократската унија за интеграција силно ќе стои во одбрана на правата на заедниците и нема да дозволи нивните права да бидат прекршени и загрозени. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Флорида се подготвува за ураганот Милтон

Следно

Уште еден новинар е убиен, а двајца се повредени во израелски напади врз Газа

Latest from Blog

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.
Go toTop