Флорида се подготвува за ураганот Милтон

October 9, 2024
1 min read

Последно предупредување да се евакуираат или засолнат на безбедно добија жителите на Флорида, додека се очекува доаѓањето на ураганот од петта категорија Милтон. Повеќе од милион луѓе треба да се евакуираат, откако имаше такви кои ги блокираа автопатиштата и ги испразнија бензинските пумпи, што дополнително го направи панка меѓу луѓето.

Според информациите Бурата се движи кон пошироката област на Тампа Беј, која е дом на повеќе од три милиони луѓе, иако метеоролозите велат дека нејзината патека би можела да варира пред да удри во копното. Градоначалничката на Тампа ги предупреди жителите да „бегаат или ќе умрат“. 

– Можам да кажам без било каква драматизација, ако останете во областите кои се евакуираат, ќе умрете. Никогаш не го кажувам ова. Луѓето мора да одат“. – Јане Кантор градоначалник на  Тампа Беј.

Претседателот Џо Бајден со апел до жителите на Флорида да се евакуираат веднаш пред ураганот Милтон, велејќи дека ситуацијата е „прашање на живот и смрт“.

Жителите под наредба за евакуација кои се под закана од ураганот Милтон веќе требаше да се евакуираат и да го наречат прашање на живот и смрт. „Милтон“ има потенцијал да биде еден од најразорните урагани што некогаш биле регистрирани во регионот. 

Невремето се очекува да биде најразорното што ја погодило областа во последните 100 години. 

– Се чини дека ќе удри дирекно и тука се стравот не сме навикнати на тоа.

-Се надевам дека нашата куќа ќе остане безбедна и дека нема да и летне кровот..но ќе видиме што ќе се случи.

– Сме се соочиле со многу урагани досега, но ова е навистина сериозно и не смее да се ризикува. 

Големината на бурата расте и става во опасност уште повеќе крајбрежни области, предупреди Националниот центар за урагани на САД.

– Милтон носи максимално одржливи ветрови од 260 километри на час, што е највисокото ниво на скалата Сафир-Симпсон. Големината на бурата расте и става во опасност уште повеќе крајбрежни области“, објави Националниот центар за урагани на САД.

Милтон стана третиот најбрзо растечки ураган во Атлантикот досега, откако за помалку од 24 часа преминал од категорија 1 во категорија 5.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Адеми: Одлуката за укинување на балансерот е неуставна

Следно

ДУИ: Укинувањето на балансерот е удар врз Уставот, врз Охридскиот договор и врз мултиетничката стабилност

Latest from Blog

Фидан: Крајното очекување на Туркије од Ирак е да ја прогласи ПКК за терористичка организација

ИСТАНБУЛ (АА) – Крајното очекување на Туркије од Ирак, кој ја прогласи терористичката организација ПКК за „забранета организација“, е да ја прогласи за терористичка организација, изјави денес турскиот министер за надворешни работи

Продолжува чекањето на Палестинците кои сакаат да стигнат до своите домови во северна Газа

ГАЗА (АА) – Раселените Палестинци продолжуваат да се собираат и да чекаат на патниот правец Салах ал-Дин за да се вратат во своите домови во северниот дел на Газа, јавува Анадолу. Според

Мизрахи: Профитот на СДС во случајот Онкологија им бил поважен отколку животите на граѓаните

На панел дискусијата организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Моќта на лековите, живот или профит“, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи истакна дека Анкетната комисија го сработила своето поврзано со скандалот Онкологија, на која

Засилени инспекции во угостителските објекти и зимските туристички центри

​По засилените вонредни контроли кои инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведоа кај операторите со храна пред новогодишните и божиќните празници, контролите во угостителските објекти, домовите за стари
Go toTop