ВО КИНА ЌЕ ИГРААТ СИТЕ ФИЛМОВИ НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ

October 8, 2024
1 min read

Сите филмови на македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе играат во Кина, откако кинескиот Државен филмски архив го обезбеди прикажувањето, соопшти продукцијата „Банана филм“. Филмскиот архив, кој е и единствениот дистрибутер на странски авторски филмови во Кина, низ земјата ќе ги прикажува „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“ и краткометражните „Четврток“ и „Крајот на времето“.

Редица за мастеркласот на Манчевски во Шангај во 2017 (Архивска фотографија)

Филмовите на Манчевски се многу популарни во Кина и се предаваат на универзитетите во Пекинг, Шангај и Чонкинг, а со „Пред дождот“ студентите учат за филмска структура.

„Пред дождот“ беше прв македонски филм прикажан во Кина, наиде на голем успех и има култен статус. Неколку кинески режисери – како Лу Је и Шу Хаолун – го цитираат како еден од клучните филмови во нивниот развој. Менаџерот на Шангајскиот фестивал Мао Лијун вели дека филмската академија го предава „Пред дождот“ „како библија во филмската нарација во три чина“.

Турскиот постер на ‘Пред дождот’ до врамените слики на ѕидот на Трифо, Вуди Ален и Кишловски во мини кинотека во Шангај (Архивска фотографија)

Во 2017, Манчевски беше првиот македонски уметник со сеопфатно претставување во Азија воопшто. Три големи институции во Шангај одвоено го поканија да гостува пред кинеската публика. На јубилејното 20. издание на фестивалот во Шангај во 2017 имаше ретроспектива на филмовите на Манчевски, а тој беше и во жирито за главната награда на фестивалот. Потоа одржа и мастерклас при Универзитетот во Шангај, а имаше изложба фотографии и се промовираше негова книга со фотографии и есеи што е издадена во Кина. Беше поканет и да предава на државната филмска академија во Пекинг.

Интервју на Манчевски по повод ретроспективата во Шангај во 2017 (Архивска фотографија)

„Една вечер ме однесоа низ сокачиња преполни со луѓе, по скали, па во еден стан, низ една соба, па во собата назад, каде што имаше еден огромен постер на стар француски филм, цела библиотека книги и врамени слики на ѕидот: Бергман, Орсон Велс, Тарковски, Жан-Лик Годар, Трифо… Се вика Кафе-кино ‘Шаброл’, во стан, каде собира само 15 луѓе. Секоја вечер си пуштаат филмови и ги дискутираат. И една од врамените слики на ѕидот, среде Шангај, до Трифо, Вуди Ален и Кишловски, беше турскиот постер на ‘Пред дождот’,“ рече Манчевски по ретроспективата во Шангај во 2017.

Во 2019 Манчевски беше и во жирито на Интернационалниот филмски фестивал во Хаинан, заедно со француската филмска ѕвезда Изабел Ипер и култниот американски режисер Абел Ферара.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Камерниот оркестар при Националната опера и балет ќе настапи во Виена

Следно

Средба Тошковски – Рокас: ЕУ со силна поддршка во реформите и креирањето на модерна и професионална полиција

Latest from Blog

По бод за Фиорентина и Аталанта!

ФОТО:.facebook.com/atalantabc/ Фиорентина и Аталанта одиграа нерешено 1:1 во Фиренца во натпреварот од последното коло на италијанската Серија А. Аталанта така остана непоразена за прв пат во последните четири гостувања на „Артемио Франки“.

Аврамов: Новата одредба на законот за игри на среќа носи ризик од нетранспарентно трошење пари наменети за ранливите групи

Граѓанските организации реагираат на предложените законски измени поврзани со распределбата на средствата од игрите на среќа, предупредувајќи дека може да бидат загрозени услугите за ранливите категории граѓани. Атанас Аврамов од Мрежата за

Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за зачувување на јавните површини

Со цел заштита на зелените површини од паркирање на моторни возила, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп постави заштитно оградување околу паркот кај Основниот суд во градот. Како што информираат од претпријатието, поставувањето на

„Бомба“ од Мадрид: Познато е првото екстра засилување на Реал Мадрид?!

ФОТО:.facebook.com/ChelseaFC/ Жозе Мурињо е пред промоција на “Бернабеу“ а вистинска бомба доаѓа од Мадрид. Реал Мадрид тргна по своето прво засилување, а тоа треба да биде аргентинскиот играч за врска Енцо Фернандез.
Go toTop