Израел издаде нови наредби за евакуација на жителите на Газа на годишнината од геноцидот

October 7, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелската армија денес издаде нови наредби за евакуација на цивили во три града во северниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Новите наредби се совпаѓаат со првата годишнина од израелската геноцидна војна во палестинската енклава, во која од минатата година досега се убиени речиси 42.000 Палестинци, главно жени и деца.

Портпаролот на армијата Авичај Адра во објавата на социјалната мрежа X им нареди на палестинските жители во Беит Ханун, Џабалија и Беит Лахија да ги напуштат своите домови и да се упатат кон југ.

Тој рече дека патот Салах ал-Дин, одреден од Израел како безбеден премин од северниот дел на Газа, ќе остане отворен од 08:00 до 17:00 часот по локално време.

Адраи, исто така, им нареди на жителите на Бани Сухеила, Ал-Махата, Шеик Насер и Маан во Кан Јунис да ги напуштат овие области и да се упатат кон Ал-Маваси, кој израелската војска го означи како „безбедна зона“ во јужниот дел на Газа.

Израелската војска постојано издаваше наредби до Палестинците да се евакуираат од нивните области поради смртоносната војна во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.

Според набљудувачите, мапата на целната област објавена од Адраи е усогласена со план подготвен од поранешни израелски генерали.

Во планот, објавен во септември, се предвидува целосна евакуација на северниот дел на Газа во рок од седум дена, по што ќе следува опсада на областа за да се принудат тамошните палестински борци да се предадат.

Израелската Влада официјално не го усвои планот, но израелската јавна телевизија КАН објави дека израелскиот безбедносен кабинет ја разгледува шемата.

Израел продолжи со својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас во октомври минатата година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Израел се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОН: 50тина училишта во Македонија ќе добијат соларни фотоволтаични системи

Следно

Де Хеа е топ тема во Фиренца: Добивме вистинско чудовиште!

Latest from Blog

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот
Go toTop