Советот на министри на БИХ без одлука за прогласување Ден на жалост, утре е Ден на жалост во Република Српска

October 7, 2024
1 min read

Советот на министри на Босна и Херцеговина на вонредна телефонска седница немаше кворум за работа и одлучување за донесување одлука за прогласување на 8 октомври 2024 година за Ден на жалост во целата земја, поради трагичното страдање на жителите на БиХ кои ги загубија животите поради катастрофалните поплави и лизгање на земјиштето.

За донесување на одлуката имаше седум гласа, додека тројца членови на Советот на министри на БиХ не гласаа.

Владата на Република Српска (РС) го прогласи вторник, 8 октомври, за Ден на жалост во овој ентитет на БиХ, поради страдањата на населението на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина (БиХ) предизвикани од катастрофалните поплави и свлечиштата. Утре на институциите на РС ќе бидат истакнати знамиња на половина копје, ќе бидат откажани културни манифестации и спортски настани прилагодени на дадениот момент, соопштија од Владата на РС.

Советот на министри на БиХ и Владата на Федерацијата БиХ сè уште немаат донесено одлуки за денот на жалост поради страдањата на населението во областа Јабланица, Коњица, Фојница, Кисељак и Крешево.

Досега во поплавите на подрачјето на тие општини животот го загубија 20 лица, а потрагата по исчезнатите се уште трае.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина донесе одлука за одложување на локалните избори во тие општини, кои вчера се одржаа во остатокот од Босна и Херцеговина.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата Франциск: Светот е „срамно неспособен“ да донесе мир на Блискиот исток

Следно

Се пласираат стари производи како нови за да ги избегнат мерките за поевтини цени

Latest from Blog

Николоски: Македонија останува посветена на силната соработка со САД

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Никол Варнс. На средбата, како што информира Николоски, биле

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата
Go toTop