Спасувачите трагаат по исчезнати лица по поплавите и свлечиштата во Јабланица

October 5, 2024
1 min read

Спасувачи утринава ја започнаа потрагата по исчезнати во селото Доња Јабланица, во северниот дел на Херцеговина, кое е затрупано од огромните наноси од камења, песок и кал во катастрофалните поплави што вчера ја погодија Босна и Херцеговина.

Припадници на Цивилната заштита, пожарникари, планинарската спасувачка служба и други служби се обидуваат да стигнат до куќите за кои се стравува дека го кријат најголемиот број исчезнати во поплавите и свлечиштата што синоќа ги погодија општините Јабланица и Коњиќ и неколку други централни босански општините.

Градоначалникот на Јабланица, Дамир Шабановиќ, вели дека се распоредени голем број спасувачи и градежни машини.

-Вложуваме максимални напори да им помогнеме на сите, да спасиме луѓе и предмети, рече тој.

Според последните податоци, пронајдени се 16 тела на жртвите, додека медиумите јавуваат и за 17-то пронајдено тело на подрачјето на Јабланица во поплавите и одроните од карпи. Во Долна Јабланица официјално за исчезнати се пријавени 12 лица, додека медиумите јавуваат дека има повеќе десетици случаи.

Едно лице загина во Бутуровиќ Поле, во општина Коњиќ, а се трага по уште четири лица. Тројца удавени лица се пронајдени во Фојница, во централна Босна.

Сообраќајот на главниот автопат кон Мостар се уште е во прекин, бидејќи дел од патот пропадна во реката Неретва. Во оваа општина и соседниот Коњиќ има голем број населени места кои се уште се отсечени од светот.

Материјалната штета е огромна, а помош за Босна и Херцеговина најавија и Европската Унија и соседните Република Хрватска и Србија, како и бројни други земји.

За лицата од загрозените подрачја се организира сместување во Спортската сала во Јабланица и во Центарот за бегалци Салаковац кај Мостар. Обезбедени се 80 легла во Јабланица и 120 во бегалскиот центар. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија уби 23 Палестинци во Газа во последните 24 часа, вкупно 41.825 од 7 октомври

Следно

Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop