НОЕМВРИ ЌЕ БИДЕ МЕСЕЦ НА ПУЧИНИ, СО 4 ОПЕРИ И СТРАНСКИ ГОСТИ, РЕЧЕ ДИРЕКТОРОТ НА ОПЕРАТА И БАЛЕТОТ, ОЛИВЕР АРСОВСКИ

October 2, 2024
1 min read

Ноември ќе биде месец на Џакомо Пучини кога ќе бидат изведени четири претстави од овој композитор, рече денеска генералниот директор на Националната опера и балет (НОБ), Оливер Арсовски.

Сезоната ќе се отвори со кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф на 16 октомври, а Националната опера и балет и Камерниот оркестар на 8 октомври ќе гостуваат во Виена, каде што ќе бидат изведени дела и од македонски автори.

Ќе има и две изведби на балетот „Дамата со камелии“.

„Како главна осовина на програмата до Нова година сакам да го најавам ноември како  Meceц на Пучини. Ќе дадеме четири главни претстави на Пучини и тоа ‘Боеми’ (8 ноември), ‘Мадам Батерфлај’ (16), ‘Тоска’ (23) и ‘Турандот’ на 29 ноември, со странски пејачи, странски диригенти. Сето тоа го правиме да го подигнеме и нивото на куќата, квалитативното ниво на куќата за да може да ја вратиме публиката и да ужива во нашите претстави “, рече Арсовски по денешната посета на институцијата од министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Директорот најави дека на крајот на годината ќе биде подготвен репертоарот за цела 2025 година, како и дека ќе има  промени во репертоарната политика и на Операта и на Балетот.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Казна од 132.000 евра за хрватскиот трговски синџир „Студенац“- Објавувал погрешни цени

Следно

Маестра Дијана Имери Илкоска имаше успешен настап во Грузија, заедно со врвниот Клаудио Вандели

Latest from Blog

Трансфери во најава: Ѓокереш во Барса, Осимен во Арсенал, Баркола во Ливерпул за 135 милиони евра, Нето се сели во С.Арабија…

фото: Premier League (X) И тоа како е интересно на фудбалскиот пазар во Европа. Откако, секако поради СП 2026, клубовите во Премиерлигата како да беа тивки, сега и тоа како покажуваат кој

Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп

Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули. Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат,

Ново поскапување на горивата: Дизелот од утре 98, бензинот 91,50 денари

Цените на горивата од полноќ повторно се зголемуваат. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек растат за 4,85 отсто во однос на претходната одлука.

Општина Прилеп: 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026

Општина Прилеп со особено задоволство ја поддржува 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026, манифестација која годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор. Колонијата претставува
Go toTop