Ердоган: „Туркије е за зачувување на мирот и стабилноста на Балканот“

September 30, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган се обрати пред медиумите по состанокот на Кабинетот, известува Анадолу.

Зборувајќи за неодамнешната работна посета од страна на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Денис Беќировиќ на Туркије, претседателот Ердоган истакна дека посетата била многу продуктивна.

„Гледаме дека главниот ум што го претвори Блискиот Исток во крваво езеро, последните месеци сака да предизвика неволји и на Балканот“, посочи Ердоган осврнувајќи се на ситуацијата на Балканот и додаде дека како Туркије, тие се за зачувување на мирот и стабилноста на Балканот, особено во Босна и Херцеговина.

За залагањата на Туркије на светската сцена и борбата за правата на угнетените, претседателот Ердоган истакна:

„Денес Туркије на глобалната платформа стана глас на сите угнетени луѓе кои се борат за слобода, правда, права и еднаквост.“

Турскиот претседател посочи дека денешните залагањата за Палестина и Либан значат залагање за хуманоста, мирот и култура на соживот меѓу различните верувања. Тој истакна дека меѓународната заедница не треба повеќе да молчи пред израелското разбојништво кое го запали целиот регион.

„Ја повикуваме меѓународната заедница и исламскиот свет да дејствуваат заради мирот на сите во нашиот регион, вклучувајќи ги муслиманите, eвреите и христијаните“, истакна Ердоган во своето обраќање.

Турскиот претседател истовремено упати апел до Генералното собрание на ОН веднаш да препорача употреба на сила во Газа, слично на резолуцијата „Обединети за мир“ од 1950 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамилтон: Цел живот имам проблеми со депресија

Следно

Театарот во Битола слави 80 години со историја од ѕвезвдени успеси

Latest from Blog

Министерството за енергетика прво со максимални 100 отсто транспарентност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. За само две години од формирањето,

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.
Go toTop