Над 133.000 објекти на турски ТОКИ во регионот го поминаа земјотресот без штети

February 13, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Над 133.000 станбени објекти изградени од владината Канцеларија за изградба на станбени објекти (ТОКИ) во 10-те области погодени од разорниот земјотрес го поминаа земјотресот без никакви оштетувања, јавува Анадолу.

Според информациите до кои дојде новинарот на Анадолу, ТОКИ, кој работи во рамките на турското Министерство за урбанизам, животна средина и климатски промени, веќе 20 години реализира проекти за социјални станови за граѓаните со ниски приходи. Станува збор за висококвалитетни станбени објекти, а ТОКИ од 2002 година има изградено 1,18 милиони такви објекти.

Шанлиурфа

Кога станува збор за десетте турски области погодени од разорниот земјотрес, ТОКИ досега има изградено 5.545 објекти во Кахраманмараш, 8.018 во Хатај, 3.323 во Османије, 20.605 во Малатија, 17.261 во Шанлиурфа, 20.912 во Дијарбакир, 27.947 во Газиантеп, 7.065 во Адијаман, 21.154 во Адана и 1.929 во Килис, што е вкупно 133.759 станбени објекти.

Искендерун

На споменатите објекти по двата земјотреси со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во Кахраманмараш, не се забележани никакви оштетувања.

За објектите што ги гради ТОКИ најпрвин се издава извештај за испитување на теренот. Во согласност со податоците добиени од извештајот, се изработуваат проектни студии согласно со сите важечки закони и прописи, а особено со Уредбата за земјотреси. Градбата се врши во согласност со градежните техники за тие проекти.

Малатија

ТОКИ во своите изградени објекти ги минимизира потресите, а со тоа и штетата што може да настане во зградата со решенијата што ги применува на зградите, а тоа се „пловечки темели“, „систем на носач со тунелска оплата“ и „висока јачина на бетонот“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украина е останата речиси без муниција

Следно

Австрија нема да обучува украински војници за Леопард 2

Latest from Blog

Последно кафе Мицкоски-Таравари: „Нека му е со среќа, не очекував дека ќе оди во прегратките на ДУИ“

Претстојнава недела ќе имаме последно кафе со претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и јас му посакувам се најдобро. Ова го изјави премиерот Мицкоски со што потврди дека досегашниот министер за

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, известува Анадолу. Во соопштението што го објави Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, на состанокот
Go toTop