Тошкоски на билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Унгарија г. Шандор Пинтер

September 27, 2024
1 min read

Утрово во Охрид одржав билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Унгарија г. Шандор Пинтер. На средбата разговаравме за повеќе прашања од заеднички интерес на двете држави, особено за соработката во борбата против илегалната миграција и криминал со криумчарење на лица, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошкоски.

Исто така, беше потенцирана потребата за продлабочување на соработката помеѓу Центарот за обука на МВР и унгарското Полициско училиште за спроведување на законот во делот на спроведување на заеднички обуки, потенцира во објавата.

На крај, од страна на министерот Пинтер бев лично поканет да учествувам на претстојната министерска конференција во рамки на Будемпештанскиот процес која ќе се одржи во Будимпешта во месец ноември 2024г,објави Тошкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“ на Оровчанец го затвора вечерва 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Следно

Хамас ги повика светските лидери да ja напуштат салата за време на говорот на Нетанјаху во ОН

Latest from Blog

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува
Go toTop