Македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“ на Оровчанец го затвора вечерва 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

September 27, 2024
1 min read

Македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец вечер во Битола, на големото платно ќе го означи крајот на годинешниот ИФФК „Браќа Манаки“

Учеството на фестивалот на кинематограферите за кинематограферот Владимир Самоиловски е значајно, а снимањето на филмот предизвик, истакна на прес конференција во Битола, Владимир Самоиловски.

-Драго ми е што младата генерација сака да соработува со мене како кинематографер и тоа ми претставува голема сатисфакција. Од младите научив за прецизност и брзина на работа за што во овој филм ми помогна Димитар Оровчанец, директорот на филмот. А, за тоа што сум кинематографер, најголемата среќа е што мојот татко беше снимател кого го гледав како работи. Се сеќавам, за време на земјотресот во 1963 година кога имав само 10 години, јас му асистирав на мојот татко да ги сними рушевините на Скопје. Поминаа времиња….многу одамна снимав филм и со два режисери, а најновиот филм со Оровчанец за мене беше нов предизвик и драго ми е што успеавме бидејќи има многу, многу сцени што ги снимавме, истакна Самоиловски.

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина. Филмот е за млади, но само за младите, беше речено во фестивалскиот прес центар.

-Сценариото за филмот беше напишано многу брзо, а конкурирањето траеше долги години. Процесот потоа се одвиваше динамично, знаев што сакам од овој филм и тоа го постигнавме во комуникација со сите учесници, односно актерите и продуцентите, посочи режисерот Димитар Оровчанец.

На прес конференција во Битола импресиите од учеството во филмот ги споделија актерките, актерите и продуцентите во „Убиј ги прво децата“.

Во продолжение се одржаа прес конференции со кинематограферите Гиорги Швелидзе, за грузискиот филм „Лото“, прикажан во рамките на европската Lo-cap програма, Клер Пиџман, кинематографер на филмот „Портата“ од документарната програма и Душан Кардалевски, кинематографер на филмот „Амра“, кој во рамките на кратката програма ќе биде прикажан денес.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЃОРЧЕ СТАВРЕСКИ ПОЧНА ДА ГО СНИМА ВТОРИОТ ФИЛМ „ТРАМПИ“

Следно

Тошкоски на билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Унгарија г. Шандор Пинтер

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop